November 27, 2021, 10:22 am

(Видео) Митовски: Пoбeдaтa нa oпозицијатa би била yвepтиpa во големи општecтвени пpoмени oвие избори се peфepендyм зa иднинaтa нa дpжaвaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на телевизија Алфа гостуваше уредникот на Инфомакс кој истакна дека според оние анкети кои што ги гледаме и оние извештаи од меѓународни институции доколку се точни, тогаш, логичен заклучок би бил дека Република Македонија е опозициски расположена во овој момент.

– Сите избори се во одраз на граѓаните, без разлика дали се локални, парламентарни или претседателски. Ако се сеќавате на локалните избори во 2017 г, Зоран Заев легитимитетот за најавата и потпишувањето за „Преспанскиот договор“ и „договорот за добрососедство со Бугарија“ го оправдуваше со легитимитетот што го доби на локалните избори. Понатаму, сите оние крупни чекори кои што ги превзема, со кој што се обезличи државата, ги оправдуваше со легитимитетот кој што го доби на претседателските избори, потоа на вонредните парламентарни. Сите избори се еднакво важни. Она што мораме да го потенцираме е дека локалните избори во овој момент би значеле увертира во тоа што би требало да се случува понатаму. – истакна Митовски.

– Овие локални избори би требало да бидат увертира, ако оние анкети кои што ги гледаме и оние извештаи од меѓународни институции доколку се точни, тогаш, логичен заклучок би бил дека Република Македонија е опозициски расположена во овој момент. Затоа велам, ако во овие локални избори опозицијата добие добар резултат тогаш би било увертира во една поголема промена во државата, промена на концепти, а не само промена на власт. – потенцираше Митовски.

– Точно се знае што е успешен, а што неуспешен референдум. Точно се знае кој е консултатитен, а кој одлучувачки референдум. Во оваа ситуација дури и тогашниот претседател на ДИК кажа дека овој референдум не е успешен затоа што не ги исполнува основните критериуми кои што ги определил законот. Власта тогаш тоа го игнорираше, си направија некоја весела математика, демек еве, немаше доволно, ама, тие што излегоа 95 посто рекоа дека се „ЗА“ промена на името. Не би рекол дека е добро на овие избори да се бојкотира. Правото на глас е право, но и обврска пред сопствената држава. Ние како граѓани на оваа држава имаме право да кажеме кој пат треба да го фати државата, и таа обврска ја имате пред себе, но и пред вашите поколенија, затоа што тоа што ние ќе го донесеме како одлука, како народ, како абсолутна власт, тоа е конечната одлука и мислам дека седењето дома е ништо повеќе од дефектизам. – дополни Митовски.

Latest News

Од болницата „Пирогов“ отпуштени двајца од повредените во автобуската несреќа

Двајца од граѓаните на Македонија повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од софиската болница „Пирогов“. Како што...

More Articles Like This