October 25, 2021, 9:13 am

(Видео) Митовски: Светска банка започна меѓународна истрага за пpoпаѓањето на Еуростандард Банка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешната емисија „Тешки муабети“ на Инфомакс, Александар Митовски, откри дека истрагата на пропаѓањето на Еуростандард БАнка е започната и тоа на многу меѓународно ниво.

„Помеѓу 21 и 23 март во Македонија во неофицијална посета присуствувал еден од најеминентните истражители за висока корупција во светот, господинот Драго Кос, кој беше член на ГРЕКО а во моментов е претседател на тело на комисија при Светска банка. Се истражува на високо ниво овој криминал направен на Еуростандард банка. Има индиции дека се направени слични шеми во неколку други комерцијални банки во Македонија. Сакам да кажам дека веќе сериозно се сфакќаат работите, и она што го имам јас како информација господинот Драго Кос се сретнал со вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, на којшто му било предочено дека во рок од две недели би требало да состави македонската влада извештај за превземени чекори во насока на борба против ваквиот криминал и корупција бидејќи во ризик е ставен целокупниот платен промет во Мaкедонија, а како дел од Европскиот монетарен систем МАкедонија мора да ги испегла работите за ако сакаме некогаш да станеме членка на Европската унија“, откри Митовски додавајќи дека работата не им е баш сјајна на властите.

„Што е уште поинтересно, додаде Митовски, е дека од власта не признават дека Драго Кос дошол и дека тие имале средба со него“, посочувајќи го одговорот кој Инфомакс го доби од Владата во однос на прашањето за посетата на Кос, во кој се вели дека тој не е заведен во книгата на официјални посети на Македонија, што остава простор дека посетата не била неофицијална. Истот одговор го добивме и од НБРМ.

„Но за две недели ќе започне истрага и ќе ги видиме резултатите од таа истрага“, нагласи Митовски.

„Тешки Муабети“ – Епизода 25, Сезона 1

„Тешки Муабети“ – Епизода 25, Сезона 1 Домаќини: Љупчо Палевски – Палчо Милош Милошевски Тема: Како фирмите на Заев ја турнаа во стечај „Еуростандард“

Posted by infomax.mk on Sunday, March 28, 2021

Latest News

Латас: Hикој пола од своите граѓани не ги нарекол – злo, дури ни во вojната во 2001

За Заев сите што не гласаат за Шилегов се зло. Тежок збор, особено од политичар кој и плата и...

More Articles Like This