(Видео) Митовски: Caшо Mиjaлков е ocyден без дokaзи во слyчajoт Tapгет-Твpдинa

Поврзано

Ќe имa и kpивички приjaви пpoтив бетонизациjaтa нa цeнтpaлното гpaдcко подpaчје

Бетонизацијата на Скопје, надвор од пропис и надвор од јавниот интерес за загадувањето и екологијата на градот ја одобрија...

Пayновски држи до интегритетот: И пo цена да сум paзpeшен, нema да ги прифатам сите 35 „рамковни“ во Инспектopaтот

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски вели дека нема да попушти, околу вработувањата на рамковните административци во неговата...

Byчиќ открива детали: Амepикaнцитe го пoддpжaa мини-шeнгeн дeceт пaти пoвeќe oд Eвpoпejцитe

Српскиот претседател Александар Вучиќ во врска so иницијативата мини-шенген што ја покрена со премиерите на Македонија и Албанија, Зоран...
- Advertisement -

Мислам дека оваа тема околу Сашо Мијалков, малку повеќе станува дегутантна за дискутирање и навлегуваме во ПР шема на Владата, бидејќи ако објективно ги погледнеме рочиштата за Таргет-Тврдина таму немаше докази кои упатуваат на вина на Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска или Тони Јакимовски, или било кој друг обвинет, истакна уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во своето гостување во емисијата Утрински Брифинг, на Инфомакс.

Митовски посочува дека тој лично го следел судењето за Таргет-тврдина и присуствувал на низа рочишта, на кои што обвинетилите на СЈО не претставиле пред јавноста ниту еден доказ кој упатува на вината за нелегалното прислушкување во Македонија На Сашо Мијалков или било кој од обвинетите, веќе осудени во случајот.

Тој додаде се работи за обична ПР стратегија на СДСМ чија единствена цел е замајаување на јавноста од вистинските и суштински проблеми во државата.

-Морам да забележам дека ако ништо друго власта успеа да ја наметне темата за Сашо Мијалков како главна тема во јавноста. Успеа да деофкусира. Ама ние се уште нема одговор што се случи со Ден Дончев, кој што го видовме како зема пари од ташниче и вели, ова е завршена работа ќе биде исплатено тоа што треба. Каде е Ден Дончев и каде е ситемот за Ден Дончев, но спомена дека пресудата ја знаеле уште пред да биде донесена. Јас само ќе ти кажам бидејќи ги следев рочиштата во Таргет-Тврдина. Јас сум правник, Сотир е правник, јас не видов ако сме реални и објективни до крај не видов ниту еден убедувачки доказ, ниту една изјава на сведок, дали во вкрстено, дали во директно испрашување, која упатуваше на недвосмислена вина на Сашо Мијалков. Не навлегуваме дали слушал или не. Она што мораме да го забележиме е дека кај Сашо Мијалков немаше ниту еден доказ кој упатува на вина за тоа што е обвинет. Но ние имавме ПР машинерија, министер и премиер кој што упатуваа на тоа дека има веќе донесена пресуда, дека веќе се знае пресудата. И од тука прашувам суди судот, Туферџиќ и Бектовиќ или суди Зоран Заев, вели Митовски.

Разговорот на темата Мијалков започнува од 1:13:00.

Неделен Брифинг со Сотир Костов, 01.03.2021

Неделен Брифинг со Сотир Костов, 01.03.2021 Гости: Бране ПетрушевскиМиле Лефков

Posted by infomax.mk on Monday, March 1, 2021

Latest News

Kyнoвcкa: CДCM фyнкциониpa пo пpинципoт нa aкционepcкo дpyштво

Софија Куновска, членка на СДСМ, во остар стил го нападна раководството на оваа партија, на нејзиниот роденден, но и...

More Articles Like This