December 5, 2021, 9:40 am

(Видео) Мицкоски објави ckaндалозно видео – обвинyвa за предизборен пoтkyп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил објави видео од снимен материјал од две македонски општини каде функционери на СДСМ и градоначалници делат пакети од министерството за труд и социјала.

“Пљачката на народот и неспособноста не може да биде почитување на закон,тоа е криминал и непочит”

Крикна Бислимовски и регулаторна, поскапувањето на дизелот и бензините не било пљачка, тоа било почитување на закон. Каква анти логика, цената на нафтата на берзите се зголемува и наместо да ја намалат акцизата да им помогнат на граѓаните и стопанството, Владата и регулаторна одлучуваат да “почитуваат” закон и да ја зголемат акцизата за дополнителни 2 денари за литар плус данок на додадена вредност. Пљачка во услови на тешка економска криза.

Каде завршуваат овие два денари? Во продолжение снимен материјал од две македонски општини: Ново Село и Шуто Оризари (видео во коментар). Во двете општини актуелни функционери на СДСМ и градоначалници делат пакети од министерството за труд и социјала. Пакетите се полни со средства за лична хигиена и се дел од програмата и заемот од Светска банка. Очекувам деновиве жестока реакција од Светска банка, бидејќи не сакам да верувам дека свесно се мешаат во внатрешните работи на Македонија. Светска банка е злоупотребена од функционери на власта во политичка кампања за локалните избори. Исто така очекувам жестока реакција од меѓународната заедница, канцеларијата на ЕУ на овој бесрамен поткуп, бидејќи ако сега на почеток не се спречи тогаш тоа ќе подразбира премолчена поддршка. За последиците од овие настани ќе бидат сите одговорни, а доколку не се спречат, тие ќе бидат големи.,

Драги сограѓани, да не дозволиме нашата иднина да заврши со еден украден пакет поделен од функционерите на СДСМ со намера за поткуп. Земете се што ви даваат, тоа е ваше, од нив украдено, но запомнете ги тие луѓе, тоа се луѓето кои се дел од оваа наша реалност последниве 4 години. Можеме и заслужувате многу повеќе. За помалку од 3 месеци вие одлучувате во каква држава сакате да живеете. Затоа повторувам, да не дозволиме нашата иднина да заврши заедно со пакетите за поткуп!, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Latest News

(Видео) Турција на нозе: Спречен атентат врз турскиот претседател Ердоган

Турските разузнавачки служби вчера спречиле обид за напад врз претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија некои турски медиуми. Според извештаите, експлозивна...

More Articles Like This