(Видео) Мицкocки му пpecyди на 3aeв: Бeгcтвото беше договopeно – вpeме е за тexничка влада

Поврзано

Двојни стандарди на Мaричиќ: Кога обичните луѓе пpekpшуваат кapaнтин, 2000 евра kaзна, кога СДСМ го прави тоа, се нарекува херојски чин

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го поздрави, како што вели тој херојскиот чин на пратеничката...

Дневен ковид биланс: Починaти се 24 лица, регистрирани се 364 нови случаи во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови...

Биотepopистите го напуштија Cобранието

Пратениците за биотериризам го напуштија Собранието откако успеаја д аго привлечат медиумското внимание и од седница која требаше да...
- Advertisement -

Два дена по бегството на Сашо Мијалков прес-конференција одржа и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест, која ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат, а тоа е достоинствен живот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Правда во Македонија нема затоа што си имаме работа со мафија. Вака лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја започна денешната прес-конференција по вчерашното бегство на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

– Денеска криминалците и властите се едно, нема разлика. Кој одговараше досега за криминал? Никој. Тоа е така затоа што мафијата има своја држава. Ако до вчера бевме најкорупмираната држава во Европа, од денеска сме најкорумпирана држава во светот. Заев ја приватизираше државата, заедно со Вице и со Сашо. Соединети се со магнет, а магнетот се парите, желбата за власт и моќта да контролираат, а да не одговараат. Оваа криминална коалиција функционира вака поради заробените институции. Кога ја нацртав линијата дека компромис со криминалот не правам, тие веднаш се соединија со тие што прават криминал. Затоа, најдобар пријател на Заев се иницијаторите. Додека МВР пишува казни на народот и секое утро се фали колку казни напишале за неносење маски, Мијалков го пуштија да си избега со милионите. Таа мафија цели 4 години прави хајки против мене и членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Бев, сум и ќе бидам предмет на медиумски линч, ама невистината распукува, рече Мицкоски.
Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено ви беше бегството, рече Мицкоски.

– Заев, твој тег на ногата сега е бегството на Мијалков. Затоа, ние имаме обврска Македонија да престане да тоне. Нашата борба против тебе и мафијата ќе продолжи со пожестоко темпо. Никогаш не сум правел компромис со криминалот. Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договрено ви е. Вчера душата ми се параше кога ве гледав пред ТВ екраните. Спасовски не собра храброст да им се обрати на граѓаните. Целиот наш народ очекува објаснување. Институциите се должни да дадат одговори на сите прашања за овој случај. Одговорност мора да има затоа што граѓаните бараат правда и правдата мора да се обезбеди. Ништо друго не сте способни да направите. Не треба да се размислува за оставка на Спасовски. Тој ќе остане запаметен како бранител на криминалот, но неговата оставка не е доволна, рече Мицкоски.

Тој додаде дека потребна е оставка на целата Влада и формирање експертска влада.

– Само така ќе дојде правдата и мафијата ќе одговара. Сите пратеници од парлемнтот, без разлика дали се од власта или од опозицијата, да не бидат соучесници со мафијата. Да излезат и да кажат дека е доста. Време е за техничка влада. Не го правиме ова за власт и за пари, туку за нашите деца и внуци. Не е важно кој ќе ја предводи владата, туку само оваа мафија да ја нема. Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест, која ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат, а тоа е достоинствен живот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференција

Прес конференција 23.02.2021

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, February 23, 2021

Latest News

Џафери ја злoyпотрeби функцијата претседател на Собранието

– Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците денеска на прес-конференција изјави дека смета оти ова што се случило...

More Articles Like This