December 6, 2021, 5:16 am

(Видео) Момировски: Власта сака да не елиминиpa како релевантни извори кога зборуваме за kopyпција, за kpиминал, за нeпотизам..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зборувајќи за кривичната пријава и постапката која се води против него, како и кривичните пријави против други новинари, Горан Момировски, во емисија „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс истакна дека власта се обидува критички настроените новинари да ги елиминира како релевантни извори на криминалите на актуелната Влада.

„Ние не сме од сега антидржавни елементи и криминалци. За антиджавни елементи и криминалци не прогласи лани, во јануари Богданка Кузевска. Зборувам за екипата на Алфа телевизја. На официјална прес конференција на владеачката партија пред 20 месеци ние бевме прогласени за антидржавни елементи. Без никакви докази, без никакви аргументи. Тоа укажува дека оваа ситуација сега, ти (Митовски) си веќе осуден, Златев е во процес, јас сега почнувам, е подговувано подолго време, со тоа што, ми се чини дека планот малку им се измести малку со катастрофалниот пораз на СДСМ. Тие сакаа, ми се чини, дека во периодот до редовните парламентарни избори да не елиминираат како релевантни извори кога зборуваме за корупција, за криминал, за непотизам, за разни видови видови криминал во владата. Меѓутоа народот не можете да го излажете. Бројката што во моментот гледа на Инфомакс, се чини дека стотици илјади луѓе ќе ја гледаат оваа емисија и други емисии во кои се зборува за разни тему поврзани со криминалот на власта. И тука ки се чини дека малку се зезнаа“, изјави Момировски

Емисијата во живо можете да ја следите ТУКА

Latest News

Огромен астероид ќе влезе во орбитата на Земјата следната сабота

Огромен потенцијално опасен астероид, поголем од Ајфеловата кула, ќе влезе во орбитата на Земјата на 11 декември, објави американската...

More Articles Like This