(Видео) МПЦ МУ ПОРАЧА НА ШИЛЕГОВ: Тој нека си го слави Божиќ на 25-ти декември

Поврзано

ЏАБЕ ФРЛЕНИ ПАРИ: Апликацијата „Стоп корона“ досега не открила ниту еден случај на корона вирус

Мобилната апликација која Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ја промовираа како една од главните алатки за...

ИМАМЕ СО ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ: Македонското младинско таеквондо во светскиот врв

Дамјан Трајковски од ТК Кобра, јуниори категорија 78+ кг се наоѓа на четвртото место на светската ранг листа во...

На Петре Шилегов не му е јасно како е можно да има божиќен пост и да се слави Нова Година, со тоа вели се расипува празничната атмосфера.

Градскиот татко не отстапува од ставот дека големиот православен празник треба да се помести, тој е убеден и дека нема нeгативни реакции во јавноста и дека поголемиот дел од луѓето го делат неговото мислење.

„Знам дека 85 % од луѓето го мислат истото, мене ми е сеедно кога ќе се слави Божиќ, ама ако сакате да има празнична, новогодишна атмосфера, тогаш нека го преместат. Не ми е јасно како може да има божиќен пост, а да се слави Нова година“, изјави Шилегов.

Алфа побара став за ова од МПЦ-ОА. Портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј нервозно му порача на градоначалникот да не се меша во црковните работи.

-Ако сака нека си го слави тој на 25-ти декември. Радоста е на црквата и верниците, а не на политичарите, кусо порача портпаролот на МПЦ-ОА, г.Тимотеј.

МПЦ-ОА засега не размислува за менување на црковниот календар по примерот на други православни земји кои веќе ги сменија датумите на празниците.

Македонија, Србија, Русија и Украина се меѓу последните кои се уште се водат по Јулијанскиот календар.

Божиќ е втор најголем празник во христијанството, Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, го прославуваат на 25-ти декември, а оние кои се водат по стариот, како МПЦ-ОА, го чествуваат на 7- ми јануари.

Извор: Алфа

Актуелно

ФИЛИПЧЕ: Во Македонија имаме 180 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. - Скопје 109 - Куманово...

КАТАСТРОФА: 177 нови случаи на коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa. Истовремено, 8 пациенти се излекувани,...

МАКЕДОНИЈА КАКО АФРИЧКА ЗЕМЈА ПО БРОЈОТ НА НOВOЗAРAЗEНИ ДЕНЕС: Канал 5 јавува за нови 160 cлyчaи

Нашиот извор кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на...

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека ако не одговараш барем нема...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

Повеќе вести