December 8, 2021, 10:27 pm

(Видео) Му паднаа панталоните во сред политичка дебата во емисија во живо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот политичар Владимир Жириновски имал пех за време на ТВ дебата во пресрет на парламентарните избори во Русија.

Жириновски многу емотивно зборувал за иднината на земјата, за тоа како треба да се однесува модерен политичар, а потоа се осврнал и на власта.

“Сите гувернери се комунисти”, рекол налутен за време на расправата.

Во текот на директниот пренос, славниот политичар останал без панталони. Причината не е позната – или ја намалил тежината или каишто не бил добро закопчан, но Жириновски успеал навреме да ги задржи и продолжи како ништо да не се случило.

Либерално демократската партија го искоментирала овој инцидент. Според нив, снимателите го искористиле овој кадар како црн ПР, но сметаат дека авторитетот на Жириниовски е многу силен и дека тоа нема да влијае врз неговата кампања.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

(Видео) Огнена топка на небото го вознемири локалното население на брегот на Црното Море

Светлечкиот метеор бил забележан од локалното население на небото над руското одморалиште Сочи, на брегот на Црното Море. Директорот на...

More Articles Like This