(Видео) Мacakaр во Нигерија: Убиeни над 30 вojници од страна на Иcлaмската држава

Поврзано

- Advertisement -

Милитантите нападнаа воена база во североисточна Нигерија, убивајќи повеќе од 30 војници пред напаѓачите да се повлечат пред воздушните напади.

Се смета дека напаѓачите припаѓаат на регионалниот огранок на Исламската држава, пренесува Ројтерс повикувајќи се на воени извори и жители, јави Танјуг.

Тие во неделата попладне нападнаа база во североисточниот град Мајнок.

Извори за Ројтерс изјавија дека во нападот во неделата биле убиени 33 војници. Милитантите носеле воена маскирна облека и пристигнале со околу 16 камиони со оружје и шест воени возила отпорни на мини, изјави еден од војниците. По неколку часа ја окупираа базата, а нападнатите војници побараа воздушна поддршка.

Еден војник рече дека воздушните сили ги погодиле и армиските сили заради слична облека со облеката на милитантите.

Воздухопловството преку објава на Твитер соопшти дека го истражува инцидентот.

Мајнок е на околу 55 километри од Маидугури, главниот град на државата Борно. Исламистичкиот бунт го тресе североистокот на Нигерија повеќе од една деценија, со над 30.000 мртви и најмалку два милиони раселени, според Ројтерс.

Исламската држава на западноафриканската провинција, која се оддели од Боко Харам пред неколку години, сега извршува напади врз војници и цивили во регионот.

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This