(Видео) Навивач упaднa со знаме со бои на виножито пред мечот меѓу Унгарија и Германија

Навивач долета на теренот за време на интонирањето на химната пред почетокот на натпреварот помеѓу Унгарија и Германија на Европското првенство. Неименуван навивач улета со знаме во боја на виножито, по што беше соборен на тревата и изваден од теренот.

Натпреварот помеѓу Унгарија и Германија го означи обидот на Германците да го осветлат стадионот во Минхен со боите на виножитото, со цел да се обезбеди поддршка на истополовите заедници.

УЕФА реагираше со забрана, а претседателот на Фудбалската куќа, Александар Чеферин, рече дека тоа е политички чин.