ВИДЕО: Најбогатото семејство на светот заработува 70.000 долари во минута

  • August 14, 2019

Најбогатото семејство на светот, семејството Валтон, заработува 70.000 долари секоја минута.

Додека завршите со читање на овој текст, најбогатото семејство на светот ќе биде побогато за дополнителите 70.000 долари. Тоа значи дека за еден час ќе добијат 4,2 милиони долари, а утре во исто време ќе бидат побогати за 100 милиони долари.

Семејството Валтон е познато како сопственик на американскиот малопродажен ланец „Волмарт“, а во моментов располага со нешто повеќе од 190 милијарди долари.

Лукас Волтон, син на третиот брат Џон, кој починал во 2015 година, располага со богатство вредно 16,7 милијарди долари. Ен Волтон Кроенке и Ненси Волтон Лори, ќерки на соосновачот Волмарт Бад Волтон, тежат по околу 6 милијарди долари. Како и Криси Волтон, вдовицата на Џон Волтон.

Претходно «
Следно »