December 5, 2021, 9:37 am

(Видео) „Најмaлку 10 пoчинaти во импровизиpaна бoлницa: По тpaгедијата Македонија се најде на насловните страни во светските медиуми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во импровизирана болница која третира пациенти со „Ковид-19“ во Северна Македонија.

Снимките споделени на социјалните мрежи прикажуваат зграда во пламен и густ облак од црн чад што се издига во воздухот во близина на главниот пат во градот Тетово.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот за помалку од еден час. Тој избувна во средата околу 21 часот по локално време (19 часот по Гринич).

Јавните обвинителство соопшти дека се потврдени 14 смртни случаи, бишува Би-Би-Си.

Најмалку 10 загинати во #Македонија по пожар во импровизираниот центар за лекување oд COVID19 во Тетово, пак пишува Раша Тудеј.

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во привремена болница каде што се лекуваа пациенти со коронавирус во Македонија, рече министерот за здравство на земјата.

Сите 14 беа пациенти, а 12 други кои се лекуваа во центарот се здобија со повреди во пожарот што избувна во средата вечерта, рече министерот за здравство на земјата, Венко Филипче. Ниту еден здравствен работник не беше пријавен како повреден, во настанот што Филипче го опиша како „страшна несреќа“.

За пожарот во Тетово објави и агенцијата Ројтерс.

Latest News

Дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година се враќа на усвојување во Собранието

Предлог-буџетот за 2022 година по дополнувањата од Владата направени врз основа на амандманската расправа во собраниските комисии, се враќа...

More Articles Like This