(Видео) НЕ ПОСРАMOTИJA: „Ми треба Северна Македонија“ – ново туристичко лого

  • May 1, 2019

„I need North Macedonia” или ,,Ми треба Северна Македонија”. Вака отприлика ќе звучи називот на новото туристичко лого за земјава кое ќе биде готово до крајот на годинава, а кое ќе се користи во новите промотивни кампањи кои веќе наголемо се подготвуваат, со примена на новото уставно име Северна Македонија.

Досегашните туристички брошури околу 30.000 нема да бидат фрлени, туку ќе се користат за внатрешна употреба.

„Ние од втората половина односно од саемот во Лондон почнуваме со тивко ребрендирање бидејќи тоа е подолг процес кој треба да се работи. Се подготвуваат нови брошури, нов промотивен материјал, нови спотови. Ние сме владина агенција и ги следиме насоките на Република Северна Македонија и секако дека ќе настапуваме со новото име…“ – вели Љупчо Јаневски – директор на Агенција за поддршка и промоција на туризам.

Претходно «
Следно »