December 8, 2021, 5:30 am

(Видео) Николоски: Чecтитo 11-ти oктoмвpи, тoa e дeн кoгa мaкeдонскиот наpoд ce cтaва на страна на пpoгpecивнитe нapoди вo бopбa пpoтив фaшизмoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Би сакал да го честитам денешниот празник, 11-ти октомври навистина еден голем празник, македонскиот народ ја отпочнал борбата за конечно воспоставување на сопствена држава, празник којшто за жал според активностите на оваа власт е оспоруван, не директно туку индиректно, прифаќајќи ги начелата на она кои се основни барања од страна на Република Бугарија, мислам дека на некој начин се оспорува и празникот, кој што многу говори за односот на актуелната власт кон Народноослободителната борба, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Сметам дека треба да се цени празникот затоа што македонскиот народ се стави на страна на прогресивните народи и се крена против фашизмот, во услови кога темни години надвиснуваа над Европа, се бореше против фашизмот и се избори и против фашизмот и да добие сопствена македонска држава. Ова е празник кој треба да го славиме со пиетет, порача Николоски.

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This