(Видео) НОВА БPУKA: Пoсле виpaлниoт хит „Љубaви“, зa Пендаровски немa ниту вoдa

  • July 12, 2019

Претседателот Стево Пендаровски е во Сараево, каде учествува на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Тој оствари билатерални средби со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со колегата од Албанија, Илир Мета и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

На почетокот од состанокот на македонската и бугарската делегација, како што може да се види од видео снимката која на својот Фејсбук профил ја објави бугарскиот премиер Бојко Борисов, претседателот Пендаровски, на шега, се пожaaли дека протоколот го оставил без вода.

Пендаровски: Само за мене нема вода, а?
Борисов: Има бе, како да нема.
Во тој момент, шефот на Кабинетот, Миле Бошњаковски му ја дава својата чаша и шишето вода на претседателот Пендаровски.

Среща с президента на Република Северна Македония Стево Пендаровски

Gepostet von Boyko Borissov am Dienstag, 9. Juli 2019

Претходно «
Следно »