January 28, 2021, 3:00 am

(Видео) Овој руски aвиoн ќe ja пpoмeни иcтopиjaтa: Heвидливиoт cтpaтeшки 6oм6apдep

Поврзано

Експерти предупредуваат: Ајфон12 може да биде опacен по здравјето

Ајфон 12 може да биде опасен за здравјето на луѓето кои имаат инсталирано пејсмејкери или дефибрилатори, доколку се најде...

Beднaш избpишeтe ги oд тeлeфoнoт: Google блokиpaшe 164 oпacни aплиkaции

Google блокираше 164 апликации од Play Store, а Android корисниците сега треба да ги избришат овие апликации кои можат...

(Видео)Дpoнoт нa Sony вo aкцијa:Airpeak нaскopo вo пpoдaжбa

Компанијата Sony стана дел од пазарот за дронови и го претстави Airpeak, најмалиот дрон кој може да носи камера...
- Advertisement -

Русија започна со конструирање на првиот стратешки бомбардер PAK DA, кој ќе биде направен со „невидливи“ (скришни) технологии во рамките на програмата „Напреден авијациски комплекс со долг дострел“.

Според руските медиуми, подготовката на проектната документација е завршена, а започнато е со испорака на делови на еден од погоните за производство на авиони во рамките на Обединетата авијациска корпорација.

Во моментов се конструира кабината на авионот, а бомбардерот треба да биде завршен во 2021 година, беше прецизирано.

Во декември 2019 година, заменик-министерот за одбрана на Русија, Алексеј Криворучко изјави дека дизајнот на новиот авион е завршен. Во февруари 2020 година, Криворушко истакна дека првиот мотор на авионите ќе биде тестиран оваа година.

Ветувачкиот систем на авиони со долг дострел (PAK DA, фабричка ознака – „производ 80“) е руски стратешки бомбардер- носач на ракети од новата генерација, за производство на кој е надлежна компанијата за производство на авиони „Туполев“. Проектот не е модернизација на постојните машини, туку комплетно нов.

Сепак, тој е дизајниран да ги замени руските авиони Ту-95, Ту-160 и Ту-22М3 во иднина, кои во моментов се дел од руското оружје.

Latest News

Тасевски: Според големата Финска Реформаторка родот е флуиден, легнуваш како машко, се будиш како девојче

Актерт Сашо Тасевски реагираше на контроверзните реформи во образованието кои власта планира да ги спроведе во најкраток можен рок. „Наскоро...

More Articles Like This