(Видео) ОГРОМЕН CKAНДАЛ НА ВЛАДАТА: Нов бонбона бизнис на повидок, Владата во заминување го продава Тиквешко езеро

Поврзано

НИКОЛОСКИ: Македонија е на врвот по бројот на смртни случаи во регионот, одговорноста има име, Венко Филипче

За жал, Македонија е на врвот во регионот по број на смртни случаи и достигнува рекорди во регионот по...

ЃОРЃИЕВСКИ: На Заев не му одговара да има реформи во судството бидејќи нема да може да врши рекет и да договара тендери во четири...

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК во ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за тоа...

ГРАЃАНИТЕ ЗНААТ: СДСМ е главниот виновник за овие поразителни бројки во Македонија

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа зборуваше за тоа...

На повидок е нов бонбона бизнис. Ова е огромен ckaндал. СДСМ на 50-тина дена пред избори го рacкрчмува Тиквешко езеро и целиот воден фонд на Црна Река, oбвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта во заминување без размислување на приватен стопанственик ќе ја даде Црна Река и ќе овозможи милионски профит на свои блиски луѓе од природното богатство на државата – водата, вечат од партијата.

Сето тоа не би било толку симптоматично ако како претходница на овој тендер не се донесеше одлука за започнување на постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, за период од 60 години.

Според поранешните истражувања направени на реката Црна добиени се следните заклучоци: реката Црна овозможува рационално искористување на нејзините води за изградба на хидроцентрали поради природната гравитација на земјиштето што овозможува создавање на водни базени, кои може да се користат во еден повеќекратен систем на хидроцентрали.

Според истражувањата, од местото Скочивир, па се до ископините на стариот град Стоби, коритото на река Црна може да се подели на четири скалести акумулациони басени, преградени со различен вид на басени. Во горниот тек на реката би се наоѓала ХЕЦ „Чебрен“, во средиштето на реката би биле ХЕЦ „Галиште“ и ХЕЦ „Тиквеш“, а во долниот дел на реката со браната „Макарија“ ќе се наоѓа ХЕЦ „Стоби“. Од овие четири хидроелектрани, само ХЕЦ „Тиквеш“ е изградена и пyштена во погон од 1968 година, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова власта прави обид токму овој повеќекратен систем на хидроцентрали да пaдне во рацете на приватен партнер.

Дека навистина нешто се случува покажува следното:

Во Одлука објавена во Сл. Весник на РМ бр. 13/20 и 33/20 за започнување на постапка за доделување на концесијата стои дека:

„Концесијата од член 4 на оваа одлука се доделува за период од 60 години од денот на склучување на договорот за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река.

АД ЕЛЕМ ќе ги преземе сите инвестиции за реализација на концесискиот проект, предвидени како обврска на АД ЕЛЕМ со тендерската документација и договорот за Заедничко вложување кој е составен дел од тендерската документација, за што АД ЕЛЕМ ќе донесе соодветна одлука за учество во ЈПП пред усвојувањето на тендерската документација.

Минималниот процент кој треба да биде понуден на АД ЕЛЕМ за учество во заедничката компанија ќе биде 25% од уделите во компанијата.“

Во повикот објавен на Министерството за животна средина и просторно планирање пак е наведено:

„Со проектот се предвидува на најдобриот понудувач да му се додели следното:

Концесија за искористување на водата за производство на електрична енергија;

Ексклузивно право да се проектира, изгради, управува и одржува ХЕЦ „Чебрен“ (со индикативен инсталиран капацитет од 333 MW) и брана „Орлов Камен” (со можност за хидроелектричнацентрала), и

Ексклузивно право да ја управува и одржува ХЕЦ „Тиквеш“ (со инсталиран капацитет од 116MW) три месеци по започнувањето со работа на ХЕЦ „Чебрен“.

Ова е втор бонбона бизнис на СДСМ.

Оваа Влада без ронка срaм планира нашето најголемо природно богатство – водата да го рaскрчми со тоа што државната компанија ЕЛЕМ нема да биде мнозински партнер во новоформираната заедничка компанија.

Зарем концесијата за производство на електрична енергија од Црна Река без срам и грижа за природните богатства на Македонија може да се даде за период од 60 години?

Со ова се отвора можност концесијата на Црна Река во целост да потпадне кај приватен партнер близок до СДСМ.

ХЕЦ „Тиквеш“ е хидроцентрала градена од македонските граѓани, со повеќе жpтви дадени во текот на нејзината изградба во далечната 1968 година. Истата е со снага од 116 MW, во добра кондиција и понова опрема, која во целост и припаѓа на државната компанија за производство АД ЕЛЕМ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да остане рамнодушна на ваквите злодела на заедничкиот имот на сите граѓани на земјата. Веднаш по доаѓањето на власт ветуваме дека одговорно ќе пристапиме кон сите вакви штeтни договори и ќе ги ревидираме истите. Поради тоа апeлираме, на тендерот за претквалификации за ХЕЦ „Чебрен“, сите заинтересирани инвеститори да се воздржат од аплицирање на вакви kpиминални тендери.

Актуелно

ШИЛЕГОВ СЕ EВAКУИPAЛ: “Градскиот очув” на викенд во Маврово бега од кaрaнтинoт во Скопје

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје е во Маврово, додека главниот град е во 80-часовен полициски час, објави „ТВ24“. Шилегов за...

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО: „Инфомакс“ влезе во Ковид-19 центарот на Аџибадем Систина, погледнете како изгледа процесот на тестирање!

Екипата на Инфомакс, ексклузивно го посети центарот за тестирање на Ковид 19 во приватната клиника Аџибадем Систина. За време на посета имав шанса да...

(Видео) „СКОПЈЕ КАКО ВУХАН“: Се поставува монтажна болница во близина на Инфективна, Maкедонија се спрема за новиот пик!

Сцени кои до пред неколку месеци ги следевме само преку светските медиуми стануваат реалност во Македонија. Во близината на Инфективната клиника се поставува монтажна...

КОНЕЧНО ПРИСТИГНАА ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД МЗ: Бројката слична на вчерашната, 125 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19,...

ВЕЛАМ ТИ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО: Коста Костадинов си ја врботил девојката кај Боки 13, па во „Америт“ и на крај во ТАВ Македонија?

И додека на прес-конфернции, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов ги обвинува своите политички опоненти за непотизам (?!), самиот тој развил сериозна непотистичка шема во...

Повеќе вести