May 16, 2021, 11:04 am

(Видео) Пандов: Камчев со белешка го спакуваа во Шутка, Рашковски до гуша во kpиминал и kopупција одвај доби домашен притвop

Поврзано

- Advertisement -

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во своето гостување во вонредното издание на емисијата Неделен брифинг на Инфомакс, зборувајќи за привилегиите кои ги ужива власта оние блиски до неа, истакна дека во Македонија законот не е ист за сите.

„Законот не е ист за мене и за тебе. Постои една повластена каста и ние останатите, односно нас. Еден од најбогатите бизнисмени во Република Македонија, Орце Камчев, со белешка некој инспектор од АНБ, го спакуваа го однесоа во Шутка. Тоа е последното, но луѓе и луѓе прибраа. А од друга страна покрај сите индиции, дека е до гуша во криминал и корумпиран Рашковски, тој прво беше во домашен притвор. Притоа тој беше генерален секретар на Влада и можете да замислите што се знае тој“, посочи Пандов

Пандов потсети на аферата Рекет во која беа осудени Бојан Јовановски и Катиcа Јанева, а за која власта се фалеше дека е целосно расчистена а кои сега се наоѓаат дома.

Гостувањето на Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во вонредното издание на Неделен брифинг со Сотир Костов можете да го проследите ТУКА

Latest News

Cocтojбaтa вo Бразил aлapмaнтнa: Oкoлy 2000 лицa ymиpaaт ceкoj дeн кaкo пocлeдицa oд Koвид-19

Четири месеци од почетокот на кампањата за вакцинација против Ковид-19, обележана со недостиг и одложувања, тешко погодениот Бразил сè...

More Articles Like This