May 16, 2021, 10:18 am

(Видео) Пандов: На 25 да излеземе и да му покажеме на Зaев дека тepopистите се во Влада, а не во зaтвop

Поврзано

- Advertisement -

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во своето гостување во вонредното издание на емисијата Неделен брифинг на Инфомакс зборувајќи за состојбата во Македонија посочи дека кога нема правда, кога невини луѓе се затворени, тоа е рак за едно општество кој започна на 27 април

„Основата на сите неправди е од 27. Од тука почна и мора тоа да се смени. Има огромна листа на неправди кои ни се случуваат коишто мене ме мотивираат да на цел глас повикува, и не само на 25ти. Јас се надевам дека 25 ќе биде денот кога Македонците ќе се охрабрат и ќе сфатат дека ние како огромна маса на народ, ние сме суверени во оваа држава. Ние ги имаме клучевите од Република Македонија. Наш е суверенитетот, не е на Заев, не е ни на никоја партија, на народот е. Ако народот излезе, не постои таква власт, не диктаторска, не сталинистичка, фашистишка, хибриден режим, не е важно кој и да се, народот е тој којшто владее“, изјави Пандов.

Пандов уште еднаш апелираше народот во сѐ поголем број да излезе и да му покаже на ЗАев дека терористите не се во затвор, туку во Влада.

„Секој еден треба да разбере дека само физичкото присуство е највредно, дека секој еден треба којшто е самосвесен и којшто е против ова зло сега, без разлика на вера и националност и треба на 25 да излезе и јасно и гласно да му кажеме на Заев дали патриотите се терористи или терористите се Влада. Во недела ние имаме реална и одлична можност да му го покажеме местото на Заев.“, апелираше Пандов.

Гостувањето на Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во вонредното издание на Неделен брифинг со Сотир Костов можете да го проследите ТУКА

Latest News

Израел ja бomбapдиpaшe кyќaтa нa глaвниoт лидep нa Хaмac вo Гaзa

Израелската војска во неделата соопшти дека го уништила домот на главниот водач на Хамас во Газа, трет ваков напад...

More Articles Like This