May 16, 2021, 9:57 am

(Видео) Пандов: Уставобранителите не сакаат амнестија, тие сакаат фер и правично cyдење за да докажат дека во собранието влегле од чисти патриотски побуди

Поврзано

- Advertisement -

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во своето гостување во вонредното издание на емисијата Неделен брифинг на Инфомакс зборуваше за семакедонскиот протест за уставобранителите од настаните на 27-ми април кој ќе се одржи во недела. Пандов потсети на целиот амбиент на 27 април кој следеше по неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ да формира влада, кога беше подгревана идејата за Тиранската платформа и националното разнебитување на Македонија.

„Знаевме дека Зоран Заев е човекот којшто ќе прифати било какви барања од грчка страна. Дополнително, ние, коишто ги пратевме работите, најавуваме дека ако се потпишува, а требаше да потпишуваат договор со Бугарија, тој ќе биде ултра штетен. Оттука, сосема оправдани беа тие протести. И не џабе беа толку масовни и толку луѓе излегоа. Тој кобен 27 април, исто, треба да се потсетиме дека се пееше албанска химна во собранието, и дека насила со две раце кренати на Петре Шилегов, со 58, 59 пратеници беше избран Талат во тоа време за претседател на Собранието. И најважниот дел, на цела таа загреана така атмосфера, во којашто ти гледаш дека ти се разнебитува твојата татковина и дека влегува во еден ултра, ултра предвидлив, но црн лош период за нејзе, се најде за паметен, Крсте Мукоски и ги отвори вратите. Тоа е како на лавови во кафез, ти да му ги отвориш вратите. Едноставно, тука агресијата што беше појавена, од тука беше потекната. Затоа што тие луѓе, коишто ги направија сите тие работи пред отварање на вратите, самите они ја подгреваа таа атмосфера да биде максимално негативна“, потсети Пандов.

Пандов направи паралела со случувањата во САД кога имаше упад во Капитол Хил, но и покрај тоа што никој не го одобруваше насилството што настана при упадот, обвинение за тероризам немаше. Тој потсети и на упадот на народот во собранието во 2001 година, кога имаше и пукање, беше превртен блиндираниот мерцедес на министерот за внатрешни работи и никој не се дрзна во народот да посочува кој бил виновен и покрај големата материјална штета која беше направена во собранието.

„Народот ако е бесен на она што се случува на политичката сцена, нормално е да протестира. Не е ова само македонска работа, рече тој, во затворот се и еден Хрват Игор Југ, Мумир Пепиќ кој е Бошњак има и Албанец за кој пак Села сведочеше дека го бранел во Собранието. Со обвиниение за тероризам ги судеа луѓево, а оној којшто е најповикан, Мукоски, кој ја отвори вратата е слободен“, вели Пандов.

Тој посочи дека на тие луѓе кои се осудени на 8, 9 или 15 години треба да им се даде шанса како и на оние од случајот “Монструм” или како на Љубе Бошковски за повторно судење, додавајќи дека власта овие драконски казни ги изрече за да го замолчи народот.

„Уставобранителите не бараат амнестија, не бараат милостина, тие бараат фер и праведно судење за да докажат дека во собранието влегле чисто патриотски, од љубов кон татковината влегле во собранието.  Бараат иста шанса како што им беше дадена на осудените од Монструм кои застрелаа пет лица само затоа што биле Македонци“, посочи Пандов.

Гостувањето на Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во вонредното издание на Неделен брифинг со Сотир Костов можете да го проследите ТУКА

Latest News

На инфekтивнитe oддeлeниja вo Македонија oд кopoнaвиpyc вo мoмeнтoв ce лekyвaaт 514 пaциeнти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 311 пациенти...

More Articles Like This