(Видео) Паѓале делови од моторот на Боинг 747 за време на лет, повредена една жена

Поврзано

Украинската apмиja го гpaнaтиpaше Доњецк

Украинската армија ги гранатираше предградијата на Доњецк, изјави претставникот на самопрогласената Народна Република Донецк во Заедничкиот центар за контрола...

Нема вакцини од „пријателска Европа“: ЕУ нема да извезува вакцини додека не се исполнат потребите на унијата

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди денеска дека другите земји на ЕУ можат да го блокираат...

Рамноправност на дело: Платите на жените во ЕУ се за 14 отсто пониски од платите на мажите

Европската агенција за статистика објави дека бруто заработката на жените во ЕУ за еден час е во просек 14,1...
- Advertisement -

Комитетот за безбедност на Холандија соопшти дека испитува зошто делови на моторот од Боинг 747-400 паднале кратко по полетувањето во саботата од аеродромот во Мастрихт.
Од товарниот авион во саботата попладне паднале претежно ситни метални делови над јужниот град Мерин, предизвикувајќи штета на автомобилите и полесно е повредена една жена, објавија локалните медиуми

„Нашата истрага е сè уште во почетна фаза, рано е за заклучоци“, рече денеска портпаролката на Комитетот за безбедност.

Очевидци изјавиле дека виделе како гори еден од моторите на авионот, што потоа безбедно слетал на белгискиот аеродром Лиеж, на околу 30 километри јужно од Мастрихт.

Боинг вчера препорачал прекинување на летот на авионите 777 бидејќи за време на викендот авионот на Јунајтед ерлајнс од тој тип изгубил делови над Денвер во САД по откажувањето на десниот мотор.

Latest News

САД воведе привилегии за вакцинираните лица

Американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) објави упатства со најдобри практики за Американците кои се целосно...

More Articles Like This