May 16, 2021, 10:57 am

(Видео) Пендаровски за Конески: Тивок во зборот, но моќен во мислата, во овие бyчни времиња, тишината во неговата поезија говори на благороден начин

Поврзано

- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски, како покровител на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, преку видео порака се обрати на одбележувањето на овој голем јубилеј, што се одржа во седиштето на УНЕСКО во Париз. Во рамки на настанот се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март.

Постои едно интимно упориште во секој од нас што ги отвора сите прашања кои ги носиме во себе како радост, товар или тага. Една подотворена врата низ која се наѕираат сите дилеми на постоењето. Тоа е зборот. Тоа е мислата преточена во поетски јазик кој успева да ги помести хоризонтите на животните искушенија кои секогаш се поврзани со слободата.

Според него, Блаже Конески е квинтесенција на поетскиот јазик во чиј опус се вградени мудроста и предизвиците на постоењето.

Блаже Конески е квинтесенција на поетскиот јазик во чиј опус се вградени мудроста и предизвиците на постоењето. Конески суптилно ја објаснува граматиката на животот, создавајќи арматура врз која се потпира не само континуитетот на нашата национална култура, туку има свој придонес и за светското поетско и духовно наследство.

Поезијата на Конески е длабоко рефлексивна и јасна – и кога станува збор за интимните патеки на човекот, но и кога станува збор за општествените превирања и, воопшто, за сите бездни на животот. И како поет и како лингвист инсистираше да се биде постојано посветен и критичен читател и толкувач на светот. Блаже Конески е поет кој се бори против диктатурата на еднозначноста и токму затоа е поет на демократијата или како што самиот вели „вистинскиот интелектуалец треба да дејствува во својата средина како личност што влече напред…, да има чувство за историската димензија и за современата актуелност, а особено да се залага за очовечувањето”.

Тивок во зборот, но моќен во мислата, во овие бучни времиња, тишината во неговата поезија говори, артикулира и аргументира на благороден начин. Во неговото целокупно творештво се вградени нашето минато, сегашност и иднина, но неговото наследство, всушност, им припаѓа на сите оние на кои им е јасно како се гради современ, еманципиран и космополитски свет.

Latest News

Гутереш зaпpeпacтeн oд cтpaдaњaтa нa цивилитe вo Гaзa

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

More Articles Like This