April 25, 2024, 12:51 pm

(Видео) Пендаровски: Службената белешка на АНБ не е протечена од мојот кабинет – ова лoшo говори за нашата држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево во Вилата Водно средба одржаа претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. По завршувањето на средбата претседателот на државаата одржа прес-конференција за медиуми на која на прашање на Инфомакс ја прокоментира протечената службена белешка на АНБ од една страна поради која бизнисменот Орце Камчев заврши во притвор.

Вчера излезе на социјалните мрежи службена белешка од АНБ која се однесува на наводно подготвување на бегство на бизнисменот Орце Камчев, врз основа на која белешка е ставен во притвор. Ме интересира и содржински да ја искоментирате белешката, но и се почестото протекување на информации од безбедносните структури на државата, запраша Митовски.

-Службената белешка од АНБ не можам да ја коментирам содржински, јасно ви е од кои причини, затоа што има постапка и се додека тоа не завшри со правосилна пресуда и како граѓанин, а посебно како политичар не би смеел да коментирам бидејќи тоа неспорно е вршење притисок врз судството. Инаку она што би било добро да го кажам е дека јас сум од тие неколкумина корисници во државното раководство кој ја добив таа белешка на времето и можам да ви кажам примерокот кој е објавен во онаа интерна истрага која ја направивме не е ниту од мојот кабинет излезена, ниту од службите кои се под директна моја надлежност. Тоа ми е драго. Но воопшто не ми е драго што такви класифицирани материјали, небитно, независно од нивната содржина и мислам дека тука истрагата треба да покаже како е возможно еден прилично лимитран број на органи во сферата на правосудството и државно раководство, како е воопшто излезен тој документ. Тоа не говори воопшто добро за нас, ние сме една година членка на НАТО . И многу ни е битно во сферата на безбедноста на информациите, тие класифицирани информации да ги читаат само оние за кои се наменети, вели Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This