December 4, 2021, 5:42 pm

(Видео) Петре Шилегов мести ланец на точак – кампањата им е без коментар: Политичката понуда на власта се базира на чиста демагогија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, посочи дека политичката кампања на власта е чиста демагогија и не содржи никаква реална понуда, додека во позадина се врши поткуп на граѓаните за гласови.

„Нема реална политичка понуда од власта. Имаме езотерии, најдобриот, комшијата мој најдобар, имаме небулоза, се илустрира Петре Шилегов како им помага на своите граѓани со тоа што им мести ланец на точак. Стварно е невкусно да се збори за кампањата и да се збори за политичката понуда на власта во овој момент, затоа што се базира на чиста демагогија, а во позадина демагогијата, де факто, го покрива оној поткуп што се случува активно. Навистина немам зборови за оваа кампања на власта“, коментираше Митовски.

Митовски потсети на изјавата на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, кој најави дека за заменик градоначалник ќе постави Албанец, додавајќи дека изјавата е чист популизам и дека заменик градоначалник пред сѐ, треба да е добар менаџер, а сосема ирелевантна е неговата националност.

„Каков популизам, до кого ќе допре? Заборава дека се казнети десетици луѓе на година дена затвор затоа што протестирале во чест на нивните роднини коишто ги загубиле во пожар за којшто одговорен е Филипче, или оваа власт. Како заменик градоначалник на Град Скопје ќе ги врати тие луѓе назад. Или како ќе им го подобри заменик градоначалникот животот на луѓето во Арачиново? Што има во Арачиново денес освен тоа што секој втор полициски билтен е дека имало прстрелка, дека имало фатен со дрога, едно семејство платило данок на имот,… Како ќе го подобри тоа заменик градоначалникот АЛбанец? Што ако е Албанец? Мислам, што ако е Македонец, што ако е Албанец, што ако е Ром, што ако е Турчин, нема врска. Заменик градоначалникот треба да биде квалитетен човек. Ирелевантно е што е. Ирелевантно е дали е Албанец, или е Македониец, или е Србин, или е Марсовец. Треба да биде квалитетен човек, треба да биде пред сѐ, менаџер. Во општина, во локална самоуправа, нема место за етникум, за вера, за нација. Таа администрација работи еднакво и за мене и за тебе, и за Албанецот и за Србинот… Тоа е чист популизм, не гледам јас логика во тоа. Што би променило?“, посочува Митовски.

Latest News

(Видео) Ѓорѓиевски: Несовесен граѓанин фатен како иcфрла отпaд на местото каде што се гради новиот парк во Драчево, ќе биде kaзнет доколку не го...

Денес, несовесен граѓанин се обидел да истури отпад на местото каде што се гради новиот парк во Драчево. Градоначалникот...

More Articles Like This