(Видео) Петрушевски: Закони и урбанистички планови се менуваа за профити, а не може да се смени правилник да се награди едно дете

Поврзано

Koнтpoвepзниoт coвeтник нa Заев, Александар Обрадовиќ, e нoвиoт диpeктop нa EЛEM тpejд

Ќерката-форма на ЕСМ, ЕЛЕМ трејд од денеска официјално има нов директор. За прв човек на фирмата специјализира за трговија...

Bpaбoтeни вo cпopтcки oблoжyвaлници: „Издpжyвaмe фaмилии, плaќaмe кpeдити и бapaмe caмo дa paбoтимe“

Вработените во спортски обложувалници денес одржаа прес-конференција пред Владата на Македонија, на која ги изнесоа своите ставови во врска...

Oфициjaлнo: Bлaдaтa дoнece oдлyкa – пoлицcки oд пoлнoќ дo 4 чacoт, ќe paбoтaт и тepeтaнитe

По препорака на Главниот кризен штаб, Владата денеска одлучи полициски час да има само четири часа во едно деноноќие,...
- Advertisement -

Дали е можна политика без корупција, но било што да кажеме на оваа тема, Со професорот присутен да продискутираме на тема на малолетничката деликвенција, кога деца малолетници пониски од 13 и 14 години ќе влезат во дом на госпоѓа од 67 години  и ќе силуваат госпоѓа, и потоа ќе нанесат тешки теесни повреди и ќе ја убијат. Ќе извршат неколку кривични дела и ќе избегаат. Зарем тоа ли е Македонија, какво е и семејството во Македонија?

Но какво ни е образованието, што мисли таа Мила, таа сака да не вози до Финска и назад. Пред неколку дена, повторно малолетник, и седнал во кола и прегазил доктор, професор, и избегал од лице место и тоа е слика за општеството кое гради и воспитува вакви деца – прашува Сотир Костов.

Миле Левков вели Најпрвин кога зборуваме за малите, за под 18 година, и одговорноста мора да ја бараме во целото општество и во државата. Сиромаштијата во Македонија, Стапката на невработени, нефункционалноста на институциите, тоа што сме на 111 место по корупција, тоа што луѓето не веруваат во институциите, тоа што луѓето се обидуваат да ги решат споровите меѓу себе, тоа што се реформи се прават со полувистинити фрази,  маркетинг слогани кои ги измислува Мила Царовска, така што младите целосно  не ја почитуваат државата, институциите, а нивните родители поради ситуацијата во која се наоѓаат  ја бијат последната борба буквално да се преживее. Последните сметки кои стасаа на граѓаните, самите знаат како ќе ги платат односно како ќе ги подмират. . И на крајот на денот најзаборавени се децата и најмаргинализирани се децата и од системот, и од образованието, и од политиката, од државата. Токму тоа ни се случува.

Тоа или ќе го решиме системски, или на ваков начин ако го оставиме се повеќе ќе се среќаваме со вакви ситуации.

Сотир Костов апелира до нив како пратеници да се дискутира во Парламентот – Собранието, да се поведе сметка за овој акутен проблем. До кога ќе се вадиме на системска грешка, Еве минатата недела имаме системска грешка, еве се уште не знаеме од минатата недела имаме системска грешка, дали проблемот малку повеќе во нас луѓето, односно во луѓето што ги извршуваат јавните функции.

Не е баш дека не ни фалат закони, како човек од правото, мислам дека немаме принципи и не ги почитуваме правните норми. Дали се доволни искажувања, ние имаме нова генерација на политичари како што вели

Јас ќе почнам од изјавата на Љупчо Николовски дека со нови личности ќе се бори против корупцијата. Видовме и колку ечесен,  со оваа фирмава на братму,

Бране Петрушевски нагасува Дали Радмила Шеќеринска ќе се бори против корупцијата и е нов лик, дали Заев е нов лик во политиката и претходно беше градоначалник, , и да не ги редам сите истршени муштикли во политиката и кои имале шанса да кажат нешто во политиката за жал поради нивните лоши политики, сме во состојба каква што сме доведени.

За жал имаме некое младо дете кое го почнува животот, го перцепира новиот свет околу него, и кога дете ќе види еден интелектуалец, доктор професор на факултет, возат просечна кола, кирии, некое станче ниво кое со труд и некорумпирана работа може да го достигне, и тоа исто дете кога ќе види како еден Сашо Мијалков располага со милиони, како Заев располага со неговите милиони па и по локалните општини и како тие локални шерифи презентираат морал и однесување. .  И навистина е многу тешко тоа дете да го ставите на вистински колосек и правец во животот.

И ние имаме дете кое е талентирано, кое е основец оди на натпревар по математика со средношколци и ги победува. И сега тоа дете не е наградено, а имате систем кој не го цени тоа што тоа дете одбрало правец и вистински начин на развој во животот… – вели Петрушевски

Затоа тие таленти си бегаат во Македонија, и придонесуваат во други држави, јас за жал сум математичар сум учествувал на тие натпревари, последен од пред мојата генерација после мојата кој останал овде, бидејќи сите други мои колеги отишле надвор од Македонија, и за жал и се научници и дејци професори во Северна Америка, во Европа, во Русија, секаде само не тука.
Зошто е тоа така, токму заради овие министри и те како знаат да го изиграат законот и да се збогатуваат, а ако сакаш да му го покажеш патот и да го насочиш тоа дете. Кој го носи законот и правилниците.

За неколку часа може некои урбанистички планови се менуваат по желба и налог од олигарси и врхушка, а не можеше да се смени законот и правилникот да се награди некое дете, тоа не може. Па министерката и да го прекршеше правилникот и да го наградеше тоа дете, никој во државата немаше да и замери туку напротив ќе го поддржеше менување на тој правилник.

Проследете ја емисијата на следниот линк:

Неделен Брифинг со Сотир Костов, 01.03.2021

Неделен Брифинг со Сотир Костов, 01.03.2021 Гости: Бране ПетрушевскиМиле Лефков

Posted by infomax.mk on Monday, March 1, 2021

Latest News

Koнтpoвepзниoт coвeтник нa Заев, Александар Обрадовиќ, e нoвиoт диpeктop нa EЛEM тpejд

Ќерката-форма на ЕСМ, ЕЛЕМ трејд од денеска официјално има нов директор. За прв човек на фирмата специјализира за трговија...

More Articles Like This