January 17, 2021, 11:17 am

(Видео) Повpeдeни 37 полицajци, дeмонcтpaнтите се pacтеруваа со водени тoпoви и coлзавец

Поврзано

Останува на сила целосниот кapaнтин во Австрија

Австриската влада доцна синоќа донесе одлука за продолжување на целосниот карантин до 7 февруари, како дел од мерките против...

СЗО бара поocтри мерки во европските мерки

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика европските земји да сторат повеќе во спречување на ширењето на новиот сој на...

Германците го избpaa нacлeдникoт: Еве кoj ќe ja зaмeни Меркел нa чeлo нa ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...
- Advertisement -

Според првичниот извештај на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан, 37 полицајци и жандарми се повредени за време на демонстрациите во Париз, јави дописникот на МИА.

Министерот за внатрешни работи на Твитер го осуди „неприфатливото насилство врз полицијата”.

Истовремено претставник на синдикатот на полицијата објави снимка на која се гледа како млади лица облечени во црно ги напаѓаат силите на редот.

Плоштадот Бастилја каде дојде до судирите со полицијата полека се празни од демонстрантите.

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

На денешните демонстрации насловени „Марш за слободи против законите кои ја убиваат слободата” се собраа 46.000 демонстранти, додека во цела Франција имало околу 130.000.

Слични демонстрации се одржаа ширум целата Франција, но инциденти покрај во Париз, беа забележани и во Лион, каде исто така полицијата употреби водени топови.

Поранешниот фрацуски претседател Франсоа Оланд, денеска побара поради „чест”повлекување на нацрт-законот наречен „општа безбедност”.

– Дебатата беше лошо започната, нејзиниот законодавен превод беше несоодветен колку што беше несреќна – рече поранешниот социјалистички претседател за текстот на законот и неговата водечка мерка, содржани во член 24, кој забранува да се објавуваат лицата на припадниците на силите на редот.

На денешните демонстрации на кои се бара повлекување на законот, се протестираше и против полициското насилство, особено по случајот на претепувањето на еден музички продуцент од страна на припадници на полицијата.

Latest News

Останува на сила целосниот кapaнтин во Австрија

Австриската влада доцна синоќа донесе одлука за продолжување на целосниот карантин до 7 февруари, како дел од мерките против...

More Articles Like This