December 4, 2021, 4:51 pm

(Видео) Поддржувач на СДСМ направил xаос во Радовиш, полицијата го прикрила инцидeнтот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат злоупотребите и прикривањата во МВР, овојпат во Радовиш.
Настанот се случил 23/24. 10.2021 година каде приправник од Полициската станица под дејство на алкохол управувал со ПМБ. Лицето било сопрено од полициска патрола, на која се обидел да и бега. Полициските службеници успеале да го блокираат и совладаат приправникот кој се дал во бегство во кружен ток во спротивна насока и кој пружал активен отпор.

Во моментот кога тоа се случувало началниците од СВР Струмица и Радовиш биле заедно со патролата, односно и вршеле контрола.

Лицето, откако било совладано почнало да ги навредува колегите со погрдни зборови, а на началниците им се обратил со зборовите „Јас за вас толку гласови собирах за вие сега да ме гонете ли“.

Полициските службеници ги завршиле своите дејствија најкоректно до крај, но потоа инцидентот бил заташкан и воопшто не бил заведен во билтен, ниту пак била известена СВКПС.

Откако се расчуло за инцидентот, а се појавиле и видео снимки од истиот, набрзина била изготвена службена белешка.

Истиот приправник бил пријавен во ЦИК на 17. 10.2021 година, за агитација на гласачко место, на кое извршувал полициски задачи за обезбедување на гласачко место, но пријавата била отфрлена.

Лицето, според изворот на Инфомакс е Харун Абди, од Конче, кој е поддржувач на владеачката СДСМ, а е фотографиран и со лидерот на партијата, Зоран Заев.

Latest News

Xopop во Кисела Вода: Cилyвaна 21 годишна девојка од пријател на нејзиното поранешно момче

На 03.12.2021 во 18.00 часот К.Н.(21) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода ѝ била извршена обљуба...

More Articles Like This