(Видео) ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Снаодлив татко го заспива бебето за помалку од минута!

  • February 21, 2019

Родители од Сиднеј го заспиваат своето бебе за помалку од една минута со помош на обични хартиени марамчиња. Видеото кое лани стана вирален хит и досега го погледнале над 13 милиони луѓе на „јутјуб“ го прикажува тримесечниот Сет буден и полн со енергија како лежи во својот кревет и целиот процес во кој таткото Натан Дајло го гали својот син со обично марамче и на тој начин го успива.

– Сигурен сум дека секој родител постојано тестира нови техники за спиење. Погледнете како мојата сопруга и јас го заспиваме нашиот тримесечен син, Сет, на кој му треба помалку од една минута да заспие, користејќи само хартиено марамче – напиша Натан на својот YouTube канал.

Претходно «
Следно »