December 4, 2020, 12:45 pm

(Видео) Познатиот автомобил го менува логото по четвртина век

Поврзано

(Видео) Маск пpими нaгpaдa вo Берлин: Bели дeкa нacкopo пoвeќeтo aвтoмoбили ќe вoзaт aвтoнoмнo

Американскиот претприемач Илон Маск во Берлин изјави дека верува дека за десет години повеќето автомобили ќе возат независно. „Ќе станува...

Maybach S-Class:Максимум во секој аспект

Кога се зборува за Mercedes-Maybach S-Class тогаш тоа се прави со посебен респект. Англиските мајстори за луксузни лимузини се...

Toyota Yaris GR: Јапонска џебна ракета

Во време кога повеќето производители или ги укинуваат или ги електрифицираат лутите верзии на своите модели, во Toyota се...
- Advertisement -

Познатата автомобилска марка „Киа“, по повеќе од четвртина век го менува своето лого, познатиот овален знак на јужнокорејскиот гигант „Хјундаи-Киа“.

Новото лого ќе се појави на моделите на оваа компанија од 2021 година, изјави новиот извршен директор на „Киa“, Хо Сунг Сонг, зборувајќи за петгодишниот план на таа компанија, кој исто така ќе биде претставен на почетокот на следната година.

„План С“ значи не само промена на визуелниот идентитет на компанијата, туку и стратегија во производството, а Хо наведува дека нивните модели ќе бидат „подинамични, стилизирани и поинвентивни“, со поголемо потпирање на електричните возила, пренесува „Аутомотив њуз“.

Kиa планира да инвестира 25 милијарди долари во развој на нови модели и во следните пет години да има дури 11 електрични возила во својот асортиман.

Нивните претстојни електрични модели ќе се базираат на платформа која има умерена цена и ќе ја споделат со братскиот „Hyundai“. Јужнокорејската компанија очекува дека електричните модели ќе сочинуваат 20% од нивната светска продажба до 2025 година.

Логото на компанијата ќе биде драстично променето по повеќе од четвртина век и повеќе нема да биде составено од три букви поставени во елипсата, бидејќи знакот по кој е препознатлива компанијата е дизајниран во 1994 година.

Сега трите букви од името на компанијата ќе добијат помодерен изглед и ќе бидат меѓусебно поврзани.

Latest News

(Видео) Maкедонско сценарио во Црна Гора: Ми нyдea 21 милион евpa зa дa мy ce пpиклyчaм нa Ѓyкaнoвиќ

Лидерот на Граѓанското движење “УРА” и кандидат за потпретседател на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, за “ТВ Вијести”,...

(Видео) Ангелов: He мoжeтe дa мe спpeчите по дома да кpшам ќерамиди со глава, тоа ми е спopт

Шефот на владиното тело за справување со кризи Стојанче Ангелов со нова контроверзна изјава за ТВ24. Екс генералот во интервју кое е посветено на битката...

Aхмети и грчкиот амбасадор разговараа за преспанскиот договор

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска на проштална средба го пречека амбасадорот на Грција, Димитрис Јанакакис, по повод завршувањето на неговиот...

Бугарија со бесплатни вакцини против Ковид-19 за населението

Бугарија денеска го објави планот за вакцинирање на населението и соопшти дека вакцината ќе биде бесплатна. – Први кои ќе ја примат вакцината се лекарите,...

(Видео) Инфoмaкc го пpeдупреди 3aeв за бугapcкото вeтo: Eвe штo говopeше кога ce пoтпишyвaшe Договopoт

Зоран Заев ликуваше пред потпишувањето на Договорот со Бугарија, посочувајќи ги и на целата македонска јавност наводните придобивки кои ќе следуваат од истиот. Но...

More Articles Like This