(ВИДЕО) ПОЗНАТ АМЕРИКАНСКИ ВОДИТЕЛ НЕ ГИ МИЕ РАЦЕТЕ10 ГОДИНИ: Неговото објаснување во живо шокирало милиони!

  • February 12, 2019

На жал на своите колеги, водителот на емисиите Фокс и Пријатели, Пит Хегсет, во неделата јавно признал дека не ги измил рацете десет години.

Ова е откриено откако колегите рекле дека изел пица која стоела неколку дена во студиото. Хејсет тврдел дека пицата може „да трае долго време“.

„Мојата одлука е во 2019-та година да кажам работи кои не се за во јавност… Мислам дека ги немам измиено рацете веќе 10 години. Навистина, навистина не ги мијам никогаш рацете“, продолжил Хегсет, предизвикувајќи им насмевка на своите домаќини.

„Го зајакнав имунитетот. Бацилите не се вистински. Не можам да ги видам, затоа и не ми се вистински“, рекол Хегсет.

Меѓутоа, Центарот за контрола и превенција на болести, вели дека миењето раце е витален начин за да се спречи пренесувањето на бактериите. Миењето на раце, особено после користење на тоалет го спречува ширењето на штетни бактерии како што се Салмонела и Ешерихија коли, кои можат да се појават во ситни, невидливи честички во човечкиот измет.

Исто така е важно да ги измиете рацете после допирање на сирово месо, бидејќи тоа може да ги задржи остатоците од бактериите од животинско потекло.

„Еден грам човечки измет, кој тежи околу една спајалица за хартија, може да содржи еден трилион бактерии“, известува CDC.

„Редовното миење на рацете, особено пред или после некои активности е еден од најболните начини за отстранување на микробите, избегнување на болести и спречување на ширење на бактерии“, советува CDC. „Брзо е, едноставно, може сите да нè заштити од разболување.“

Хегсет инаку е пријател на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој често изјавувал дека сака чистота.

Претходно «
Следно »