November 28, 2021, 8:42 am

(Видео) Потkyп во Чашка, забележан лично министерот Оливер Спасовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќа на полноќ започна изборниот молк за локалните избори кои ќе се одржат утре, 17 октомври. Редакцијата на Инфомакс внимателно ја следи состојбата на терен на неколку критични локации во врска со почитувањето на изборниот молк. Досега се забележани неколку прекршувања како отворени партиски штабови на партија од власта, како и обиди за агитирање.

Новинарката Јована Василевска известува од Велес, каде што, гласањето на затворениците, старите, изнемоштени лица, како и болните од ковид и оние во изолација се одвива без пречки, но забележани се нелегални активности како поткуп, а забележан е и лично министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кои исто така е член на политичка партија од власта.

„Денес во велешко е релативно мирно. Според информациите на Држжавната изборна комисија гласањето на затворениците, старите, изнемоштени лица, како и болните од ковид и оние во изолација се одвива без никакви пречки. Изборниот молк го прекрши министерот за внатррешни работи, Оливер Спасовски, кој попладнево беше во посета на неколку села во општина Чашка, каде што, според лични сведоштва, имаше поткуп на гласачи, но никој од нив не сакаше јавно да зборува пред камера. Екипата на Инфомакс останува на терен да го следи спроведувањето на изборниот процес, сѐ до утре недела, 17 октомври“, известува Василевска.

Мобилните тимови на Инфомакс ќе останат на терен до завршувањето на изборниот процес, а во меѓувреме, доколку сакате да пријавите неправилности и било какво прекршување на изборниот молк, контактирајте не на фејсбук страната на iNFOMAX.mk.

Latest News

Максо пак paзочаран од СДCM

Официјално, на синоќешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ја информираше јавноста дека во партијата ќе има внатрепартиски избори...

More Articles Like This