(видео) ПРАШАВМЕ ПАТАЛЕЦ, А НЕ ГАТАЛЕЦ: Иван Пернар ги разобличи лагите на предреферендумската кампања

  • September 25, 2018

Хрватскиот пратеник Иван Пернар во своето гостување во емисијата ,,Без Цензура” која денес започна да се емитува на официјалната Фејсбук страна на Инфомакс истакна дека високи 70 проценти од граѓаните на Хрватска не сметаат дека по влезот на држвата во ЕУ се живее подобро. Во Хрватска имам најголем број на европскептици од целата Европска Унија, а причината за тоа според него пред се се преголемите очекувања.

Тој ја спомена корупцијата како нешто што хрватскиот народ очекувал да се разреши по влезот на држвата во ЕУ, но сега таа според Индексот за перцепција на корупција е многу поголема отколку пред влезот на Хрватска во Европската Унија. Пернарн напоменува дека состојбата во правосудството сега наместо да е подобра од пред влезот на Хрватска во ЕУ, таа е само влошена.

Пернат меѓу другото ја спомена и влошената економска состојба во државата, а особено во земјоделството и пропаста на бродоградилиштата.

 

 

Прва сезона, прва емисија „Без Цензура“ со Иван Пернар

Прва сезона, прва емисија „Без Цензура“ со Иван Пернар @Ivan Pernar Ivan Pernar

Posted by infomax.mk on Tuesday, 25 September 2018

Претходно «
Следно »