(ВИДЕО) Продаваат куќи за 1 евро, потребна ви е само лична карта

  • April 14, 2019

Често можеме да видиме огласи и повици за купување куќи по цена на едно евро, посебно во малите места во Италија.

Tие огласи се многу примамливи, бидејќи се работи за села опкружени со прекрасна природа, пишува Poslovni dnevnik.

Со цел сите заинтересирани кандидати лесно да може да дојдат до овие куќи, ќе се погрижат и агенции коишто лансираа две веб-страници.

На нив, барем така најавуваат и ветуваат, купувачите ќе го најдат нивниот дом од соништата и тоа без никаква мака. Доволно е само да пронајдете слика од она што го сакате.

Зунголи е мало село на југот од Италија во провинцијата Авелино. Се наоѓа на врвот на брдото и е вистински лавиринт од пештери и кружни улички поврзани со камени степеници кои водат до воодушевувачки тврдини.

Средновековните мостови ги поврзуваат фармите и поранешните аристократски палати во село полни со цвеќиња, лози и маслинки, во кои живеат 1.000 луѓе, пишува Си-Ен-Ен. Патот до домот на соништата е многу едноставен.

Чекор 1: Заинтересираните треба да ја посетат официјалната страница www.comunezungoli.it. и катгоријата во неа Case in vendita a €1. Знаење на италијански не е предуслов за избор на локација и може да ви помогне и Google.

Чекор 2: Откако ќе кликнете на линкот, ќе видите околу десеттина станови и куќи. Повеќето од нив имаат потреба од некаква адаптација.

Чекор 3: Сименете го формуларот за апликација на куќата што ја сакате, онаа која ви „падна во очи“. Значи ќе бидете обврзани да ја реновирате во рок од три години. Исто така, мора да објасните за каков проект ќе стане збор, семеен дом, дом за изнајмување и така натаму.

Чекор 4: Прикачете копија од вашата лична карта и испратете ја целата оваа документација до канцеларијата на градоначалникот преку е-маил или пошта.

Чекор 5: Ако вашата апликација е прифатена, ќе добиете договор, а потоа треба да го посетите селото и да го завршите купувањето.

Единствениот недостаток во оваа романтична приказна е дека мора да платите околу 2.000 евра во депозит и да ветите дека ќе го реновирате имотот. Работите треба да започнат неколку месеци по потпишувањето на договорот. По завршувањето, ќе го добиете депозитот назад. И ќе добиетеповрат на данокот за околу 85 проценти за адаптација на работите.

Претходно «
Следно »