(видео) ПУТИН ЗА БОЖИЌ ПУКАШЕ СО ТОП: Празникот го прослави во својот роден град Санкт Петербург

  • January 9, 2019

Рускиот претседател Владимир Путин го одбележа Божиќ така што во Санкт Петербург пукаше од топ.

Путин го посети својот роден Санкт Петербург и го повлече прекинувачот на хаубицата на Петропавловската тврдина, на бреговите на реката Нева. Станува збор за хаубица со која традиционално се означува точно на пладне од 1865 година.

„Како воен офицер на тврдината ви честитам. Беше прекрасен удар“, рече еден воен офицер кој работи на Петропавловската тврдина каде што се наоѓаат двете хаубици, каде по правило се користи само едната хаубица, додека втората е резерва. Сепак, во посебни прилики, се користат и двете.

Претходно «
Следно »