ВИДЕО: Путин и Лукашенко ги прекинаа преговорите и заминаа да играат хокеј

  • February 8, 2020
  • Коментари

Претседателот на Русија Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко ги прекинаа преговорите за да одиграат натпревар во хокеј во Сочи.

Лидерите на двете држави играа за иста екипа. Путин според традицијата играше во дрес со број 11, а Лукашенко во бројот 1 во боите на белоруското знаме.

Путим даде три гола. Мечот заврши во корист на тимот во кои играа Путин и Лукашенко со убедлива победа од 9:3 конечен резултат.

Претходно беше објавено дека Путин и Лукашенко разговарале во четири очи за голем број теми од заеднички интерес.

Претходно «
Следно »