(Видео) Пoглeднeтe ги нoвитe рycки apтилepиcки ѕвepoви, „Maгнoлиja“, „Флoкc“ и „Maлвa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Перспективните примероци вооружување, меѓу кои е и противтенковскиот „Спрут“, беа оценети од заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко и командантот на Копнените сили Олег Саљуков.

Новите самоодни артилериски oрудија беа демонстрирани на полигон во близина на Нижни Новгород. Заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко и командантот на Копнените сили Олег Саљуков присуствуваа лично за да видат за што се способни артилериските системи од последната генерација, пишува ТВ „Ѕвезда“.

Уникатноста на орудието со најголем калибар – „Малва“ од 152 мм е тоа што во Русија тоа е единственото орудие на шасија на тркала што може да изврши симултан напад. Едноставно кажано – проектилите се истрелуваат под различен агол истовремено и истовремено погодуваат една точка.

Целта на растојание од скоро 20 км беше погодена со троен истрел. Максималниот дострел на орудието е околу 25 км, што е споредливо со карактеристиките на самоодното орудие на гасеници „Мста-С“. Брзината на стрелба е 7 истрели во минута. Меѓу другите неоспорни предности на „Малва“ е автоматизацијата на основните операции за стрелба, намаленото време на распоредување и решавање огнени задачи.

Конструкторите од Нижни Новгород од ЦНИИ „Буревесник“, кои го создадоа новото самоодно орудие, ја дефинираа неговата намена на следниов начин: тоа може ефективно да се користи за уништување на оклопна техника, жива сила и долготрајни одбранбени утврдувања на непријателот. Во иднина „Малва“ ќе го замени тешкиот влечен топ од 152 мм во руската армија.

На полигонот кај Нижни Новгород беа тестирани пет модерни и перспективни модели на вооружување. Сигурноста на техниката се тестира тука уште од годините на Втората светска војна. Денес современиот компјутерски комплекс на полигонот потполно обезбедува објективна проценка на карактеристиките на новото оружје. Гаѓањето го следеа заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко и командантот на Копнените сили Олег Саљуков.

Следно по ред гаѓаше 120-милиметарското самоодно артилериско орудие „Флокс“. Сместено на шасија на оклопен „Урал“, добива име на цвет, што во превод од грчки значи „пламен“. Особеностите на неговата конструкција му овозможуваат да се користи со ожлебена цевка како топ, хаубица или минофрлач. Екипажот може да погодува цели со фрагментарно-експлозивни проектили.

Гаѓањето заврши со 120-милиметарското артилериско самоодно орудие „Магнолија“ на двокомпонентна верижна шасија на теренец, специјално дизајнирана за работа во суровите услови на Арктикот, и исто така ги комбинира борбените квалитети на топ, хаубица и минофрлач.

„Возилото има висока проодност, зголемена безбедност, како и оддел за екипажот, каде што може да остане подолго“, изјави началникот на одделот за тестирање на полигонот Алексеј Беженцев.

По петтиот истрел, „Магнолија“ изведе противогнен маневар и од нова позиција го заврши уништувањето на целите. Сите нови модели се справија со поставените задачи. Но, тестирањата ќе продолжат. По нивното завршување, ќе се донесе одлука за нивно усвојување во вооружувањето.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Извор: mk.rbth.com

Latest News

(Фото) Вучиќ со пpeубави заборови за нас: Македонците се љубезни, Србите и Македонците секогаш се сакаат

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва прошета низ Скопје со својот домаќин, премиерот на Зоран Заев. Во посета на земјава...

More Articles Like This