October 21, 2021, 12:48 am

(Видео) Пoжapи и вo Cицилиja: Аepoдpoмoт e зaтвopeн, ce eвaкyиpaaт тypиcтитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Втор ден по ред, италијанските пожарникари се борат со пожарите на Сицилија, кои веќе стигнаа до градот Катанија, центарот на истоимената провинција, принудувајќи ги жителите да ги напуштат своите домови, а локалниот аеродром привремено е затворен.

Пожарникарите на Твитер објавија дека извршиле 250 операции за гаснење пожари во различни делови на Сицилија во последните 24 часа, од кои 50 биле само во Катанија. Сицилијанскиот град познат по својата барокна архитектура се наоѓа на источниот брег на островот, на падините на планината Етна.

Објава може да погледнете ТУКА.

Пожарите ја зафатија областа Катанија, опустошувајќи го локалното одморалиште Ла Капанина. Фотографиите од плажата објавени на социјалните мрежи покажуваат изгорени чадори и лежалки.

Покрај температурите кои достигнаа 40 степени Целзиусови, жешкиот ветер го забрзал ширењето на пожарите на целиот остров. Локалните медиуми јавуваат и за големи пожари во провинцијата Палермо.

На почетокот на неделата, пожари зафатија различни делови од јужна Европа, вклучувајќи ја Шпанија и јужните региони на Турција, и го опустошија италијанскиот остров Сардинија.

За да ги скроти пожарите на Сардинија, Италија беше принудена да побара помош од Европската унија, која во понеделникот испрати четири авиони Канадери. Повеќе од 350 луѓе биле евакуирани од опожарената област.

Latest News

Бајден јавно призна дека е загрижен поради кинеските хипepcонични pakeти

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека е загрижен за кинеските хиперсонични ракети, неколку дена откако медиумите објавија дека...

More Articles Like This