October 20, 2021, 4:34 pm

(Видео) Пpoнajдeн биoлoшки мaтepиjaл и ocтaтoци oд бyгapcкиoт aвиoн штo ce ypнa вo Цpнoтo Мope

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во тек е анализата на остатоците пронајдени при потрагата по бугарското борбено летало „миг-29“, кое во средата се сруши во Црното Море.

Остатоците од авионот, наводно, биле лоцирани на длабочина од 70 метри.

По повеќе од 30 часа потрага, бугарската авијација и морнарица пронашла „биолошки материјал“ што биле испратен на детална анализа со цел да се потврди дека станува збор за пилотот Валентин Терзиев.

„Потрагата по црната кутија продолжува“, рече бугарскиот адмирал Емил Ефтимов, објавувајќи ги резултатите од потрагата за „миг-29“ што се сруши за време на воена вежба над Црното Море.

Според бугарски извори, „миг-29“ исчезнал од екраните на радарите за време на ноќна вежба за стрелање, односно напад на цел закачена на падобран.

Бугарските медиуми наведуваат дека овој вид пукање е „тежок маневар“, бидејќи постои можност пилотот да ја изгуби својата ориентација.

Вежбата беше прекината веднаш откако бугарскиот авион исчезна од радарот.

Latest News

(Видео) Вангелов: Кондовски да одговори дали со неговите фирми врши незakoнска pekaтегоризација на возилата и со тоа ја оштeтува државата?

Христо Кондовски, наводно ќе одел да се сретне со граѓаните. Сметаме дека тоа е одлична можност, можност за Христо...

More Articles Like This