October 27, 2021, 7:38 pm

(Видео) Руската морнарица на готовс: Американски вoeн брод навлезе во Црното Море

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската Црноморска флота започна со следење на брод на американската морнарица „Јума“ кој навлезе во Црното Море, објави Националниот центар за контрола на одбраната на Руската Федерација.

„Силите и ресурсите на Црноморската флота започнаа да ги следат дејствијата на брзиот транспортен и десантен брод на американската морнарица, кој влезе во Црното Море на 8 јули 2021 година“, се вели во соопштението.
Американскиот брод поминал низ Босфор и моментално се наоѓа во близина на брегот на Турција, покажуваат податоците на порталот за следење на движењето на бродовите „Марин Трафик“.

Претходно, американската шеста флота објави дека бродот се упатува кон Црното Море. Според изјавата на американската морнарица, бродот плови кон Црното Море за да им помогне на сојузниците и партнерите во НАТО.
Дека транспортно-десантниот брод на американската морнарица влегол во Црното Море, потврдуват и податоците на порталот за следење на движењето на бродовите „Марин Трафик“.

Шестата флота со седиште во американската морнарица спроведува низа поморски операции, честопати со сојузници и партнери од други владини оддели.

Latest News

Коњановски: Кондовски нема проекти, ги копирал проектите кои СДСМ ги вети во 2017, но не ги направи, четири години исти лаги

„Нашата програма е направена според принципот на компетентност, отчетност, одговорност, но и точна финансиска конструкција на тоа што треба...

More Articles Like This