October 21, 2021, 1:28 pm

(Видео) Рaбoтник не бил сoодветно плaтeн – со чeкaн уништи се што нaправи, го мoлеа да прeстане

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Работејќи на реновирање на домот, изведувачот од Колорадо се налути бидејќи не беше соодветно платен, па тргна да ја уништи својата работа со чекан.

„Вложивме недели и илјадници долари во оваа“, рече мажот, а жената што го сними се обидуваше да го смири и го молеше да престане да ги уништува новопоставените плочки во бањата.

„Господине, ве молам, престанете, куќата не е ваша па да ја уништување“, рече жената на прашањето дали некој ќе му плати.

– Ова е моја сопственост. Имам сметки за се – рече човекот и потоа продолжи да удира по ѕидот.

Сопственичката на куќата, Амбер Труке, рече дека ангажирала фирма за реновирање, но не е задоволна од тоа како ја завршиле работата. Како што вели, платила 3300 долари од вкупно бараните 7500.

„Сега немам ништо за 3.300 долари што ги платив“, вели сопственикот кој го пријавил целиот инцидент.

Полицијата го истражува случајот, а Труке, исто така, се обрати до Канцеларијата на државниот секретар, наведувајќи дека никогаш порано не примил жалба против компанијата во која работи човекот.

Latest News

(Фото) Заминаа за Грција: Уште 35 граѓани на Авганистан ја напуштија Македонија

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Македонија денеска заминаа за Грција која им обезбеди трајно прибежиште. Групата ја...

More Articles Like This