(Видео) Само една година откако Заев ги „благослови“ 4-те нови еко-автобуси во Прилеп , тие се во дeфeкт и вoн употреба

Поврзано

Спасовски се сретна со претставници од Синичане и Урвич со цел peшaвaње на пpoблeмoт со водата за пиење

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од министрите за внатрешни работи, Агим Нухиу, за земјоделство,...

(Видео) Силниот ветер однесе покрив од зграда во Делчево

Невреме со силен ветар денес околу 13 часот го зафати Делчево. Ветарот успеа да откорне неколку лимени покриви меѓу...

Пocкапувањето на стpyјата требало да биде дури 25 проценти!

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски ги отфрла обвинувањата за новото 7,4 % зголемување на цената...
- Advertisement -

Вака, лани во август, Зоран Заев, го благослови ставањето во употреба на првите четири еко-автобуси на метан во земјава, наменети за јавниот градски превоз во Прилеп, кои чинат импозантни еден милион евра.

Но, денес, само 11 месеци подоцна, прилепчани, со право си го поставуваат прашањето – дали во градот има или пак нема Градски сообраќај, бидејќи според информациите до кои дојде Алфа, дури три од 4-те нови автобуси – болиди, не се во функција?! Едниот, по неколкумесечното сервисирање во Скопје, завчера бил вратен во Прилеп, но повторно не бил во возна состојба, а додека другите два пак, поради други помали дефекти подолго време стојат гаражирани во прилепскиот „Терминал“. Како потврда на ова е и фактот што во последниве безмалку два месеца, делумно условено и од Коронакризата, низ Прилеп сообраќаат само два автобуси, еден стар и крајно небезбеден и еден од новите. Возниот ред им е само по четири часа претпладне и исто толку попладне, што секако е далеку од потребите на прилепчани.

Со цел да дознаеме што навистина се случува со автобусите, секој вреден по четврт милион евра, телефонски го побаравме директорт на ЈП за ПУП, Илија Иваноски, кој кога слушна за што го бараме, пред да ни ја спушти слушалката, кратко ни одговори дека бил на состанок во Скопје и дека штом ќе заврши, тој ќе не’ побарал, што до овие вести не се случи.

Инаку, и самата набавка на овие автобуси, минатата година беше проследена со низа контроверзи, на што и локалните опозиционери постојано укажуваа. Тие се сомневаа за наместен тендер со единствениот понудувач – фирмата „Автокоманда“, како и за енормно високата цена од 250.000 евра по автобус. Исто така, проблем беше, а и остана, тоа што во Прилеп нема ни пумпна станица за метан, па автобусите се уште гориво танкираат во Битола.

Од друга страна, сомнежите за оваа баснословна зделка, која беше предизборно ветување на актуелната локална власт, периодов дополнително се зголемуваат и со постојаното расипување на автобусите, иако градоначалникот Илија Јованоски, тврдеше дека станувало збор за нови, а не за репарирани автобуси од јапонската марка „Исузу“ и дека цената и условите под кои се купени, биле одлични.

Прилеп, за прв пат Градски сообраќај доби во 2014-та година, кога беа набавени шест автобуси и сообраќаа на три линии.

Latest News

(Видео) Cпaceнo девојче кое поминало 24 часа под pyшeвини по eкcплoзијaтa во Бејрут

Во големата експлозија која се случи во Бејрут загинаа над 130 лица, илјадници се повредени, а по голем број...

Утре без cтpујa делови од неколку скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 07.08.2020 година (петок), без електрична енергија ќе останат: Oд 06:00 до 07:30 часот, дел од индустриската...

Над половина милион зaрaзeни со Koвид-19 на Флорида

САД регистрираа 1.262 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19 во изминатите 24 часа, покажуваат податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“. Со новите случаи, бројот на смртни...

Зaплeнeти 1,3 тони кoкaин на француско пристаниште

Француските власти заплениле 1,3 тони кокаин скриени во контејнер со вреќи ориз од Јужна Америка во пристаниште на северот на државата, изјави неименуван извор...

Играјте на сигурно и нема да зaжaлитe

Овен Не дозволувајте ситните кавги со колегите да ве исфрлат од такт. Кога ќе забележите дека сте налутени, повлечете се во самотија и бројте до...

More Articles Like This