(видео) СВЕЧЕНА ЦЕРЕМОНИЈА ПРЕД ВЛАДАТА НА СЕВЕРНА: Со свечена церемонија Владата ќе го пречека знамето на НАТО

  • February 11, 2019

Се извршуваат последните подготовки на платото пред зградата на Владата за церемонија за подигање на знамето на НАТО, коешто ќе има свое место пред Владата, објави ПресингТВ.

Официјалното прво подигање на знамето ќе се изврши во текот на утрешниот ден, а во меѓувреме на платото се поставени столици за гостите што ќе присуствуваат на свеченоста, а припадници на Гардата на АРМ ги вежбаат активностите што ќе треба да ги изведат во рамки на церемонијата за утре се да помине без никаков проблем.

Истовремено, се чисти и се светнува фасадата на Владината зграда на којашто веќе ги нема буквите од натписот „Влада на Република Македонија“. Тие ќе бидат заменети со натписот „Влада на Република Северна Република Македонија“, што ќе биде поставен на македонски и на албански јазик.

Претходно «
Следно »