November 30, 2021, 9:15 pm

(Видео) СДСМ co нoви имињa вo тpкa зa Цeнтap, Стpyмицa, Битoла

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Социјалдемократите со нови имиња за градоначалници за Центар, Битола и Струмица.

Според неофицијалните информации, на вчерашниот партиски состанок актуелните први луѓе на овие општини, Саша Богдановиќ, Наташа Петреска и Коста Јаневски не добиваат шанса за втор мандат. Партијата се одлучија за освежување – па така, Горан Герасимовски ќе биде адутот на СДСМ за Центар, пратеникот Костадин Костадинов за Струмица и бизнисменот Христо Кондовски во битката за Битола. во Куманово, партијата, според неофицијалните информации, се одлучила да го кандидира Оливер Илиевски.

Сите новите имиња со кои СДСМ го заокружува процесот на избор на кандидати и нивна објава се очекува попладне да ги соопшти генералниот секретар Љупчо Николовски.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ вчера обелодени десетина имиња на кандидати, по што остануваат да ги утврдуваат уште околу триесетина меѓу кои и за Аеродром, Карпош и Битола.

И додека партиите имаат рок до 11 септември да се одлучат кого ќе внесат во градоначалничката трка. Истече рокот за независните кандидатите. Листата од Државната изборна комисија покажува дека рекорден број независни ќе се обидат да им ги поматат сметките на големите партии. Има дури 25 независни кандидати за градоначалници – меѓу нив актуелниот на Куманово, Максим Димитриевски кој се разиде со матичната СДСМ, првиот човек на Илинден, Жика Стојановски откако не ја доби поддршката од раководството на ВМРО ДПМНЕ, внукот на Али Ахмети, Фатмир Лимани е независен кандидат во Кичево. Адвокатот Жарко Стевановски, кој стана познат како еден од активистите за време на Шарената револуција е кандидат за Прилеп, а во Битола Зоран Лазаровски – Паљо во втор обид за градоначалник. Дванаесетмина не успеа да ги соберат потребните потписи.

Во Македонска каменица и Чучер Сандево има по дури тројца независни кандидати. Досега незабележан број има и независни советнички листи – дури 57 ги собраа потребните потписи. Најбројни се во Македонски Брод и Кавадарци по пет, во Охрид и Чучер Сандево по три. Кандидати за независни советници има за Град Скопје, скопски Карпош и Центар, Тетово, Прилеп, Гевгелија, Струмица и десетина други општини. 13 независни листи до истекот на рокот немаа доволно потписи за понатаму.

 

Latest News

Уште два нови проекти во Аеродром: Ќе се гради градинка наместо ресторан и ќе се уреди парковско зеленило каде што требаше да никнат згради

На иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот на Општина Аеродром на денешната седница донесе две важни одлуки - за...

More Articles Like This