(Видео) СЕ НАЈДЕ НА НАСЛОВНИТЕ СТРАНИ: Путин со еден гест стана миленик на арапскиот свет

  • January 24, 2020
  • Коментари

Вирално видео од средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и палестинскиот лидер Махмуд Абас во Витлеем беше пренесено во арапските медиуми. На снимката се гледа како Путин му ја крена од подот капата на припадникот на почесната гарда.

Како што се гледа во видеото, поминувајќи покрај гардистот, Путин забележал дека му паднала капата, по што ја зеде и ја стави на главата гардисот. На излезот, Путин го охрабрил гардистот со палецот вперен нагоре.

Видеото е објавено од фотографот на палестинскиот претседател Мухамед Атик.

“Почитување на претседателот Путин кон Палестинската гарда”, напиша тој во видеото.

Палестинскиот лидер и членовите на делегацијата реагираа позитивно на гестот на рускиот лидер.

Претходно «
Следно »