September 18, 2021, 8:17 am

(Видео) Се отстранувал опaceн азбecт додека децата се во градинката?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отстранувањето на материјалот што содржи азбест е сложена постапка и мора да го стори само специјалист изведувач. Отпадот од азбест е опасен и неправилното отстранување го зголемува ризикот од вдишување на влакна. Постојат детални правила за тоа како отпадот треба да се завитка, обележува и да се отстранува.

Дали правилата се запазени во денешниот случај кога во работен ден и полна градинка со дечиња се отстрануваат азбесни плочи???

Работници без заштита???

Дечиња имало и во градината???

Никој од вработените не бил информиран за работните активности???

Ова е градинката Синоличка во Кисела Вода, на истиот паркинг е општината и работното место на Филип Темелковски, секторот за заштита на животната средина, инспекторати, труд и социјална политика, здравство…

Кој ќе сноси одговорност???

Срам да ви биде на сите, ова е творевина во која не важат ни закони ни правила.
Европа!!!

Не ја барајте, далеку е од нас.

Поглавје за животна средина, уште 100 години не треба да добие прелазна оценка.
Тажни ти се жителите Кисела Вода но и болни (Охис, Усје, Дрисла, азбест, линдан, сулфур)…
Дечињата заслужуваат да бидат здрави и среќни, тргнете ги рацете од нив.

Ако незнаете прашајте, ако неможете оставка!

Има луѓе што умеат, пишува на Фејсбук советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Кој е најбезбедниот град во светот?

Копенхаген е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од Economist Intelligence Unit во Лондон, во кој се рангирани...

More Articles Like This