(Видео) СОДРЖИ 400 ПАТИ ПОВЕЌЕ БAKТЕРИИ ОД ВЦ ШKOЛКАТА: Како најлесно да ја исчистите тастатурата

  • September 27, 2019
  • Коментари

Содржи 400 пати повеќе бактерии од ВЦ школката – Како најлесно да ја исчистите тастатурата
Сите знаеме колку е тешко да се исчисти тастатурата. Ја превртуваме, тресеме, се обидуваме со крпа да дојдеме до сите вдлабнувања… Но сепак, ова е далеку од темелно чистење.. Има и поедноставен начин!

Иако кога ќе се спомене легло на бактерии и највалкан предмет, сигурно помислувате на ВЦ шолја, тоалет или корпа за отпадоци, сепак ќе се изненадите од тоа што е уште поголемо легло на бактерии од нив. Верувајте тоа е тастатурата која секојдневно се користи, ја допираат различни раце, има различни бактерии и никогаш целосно не може да се исчисти.

Истражувањата покажаа дека содржи 400 пати повеќе бактерии од ВЦ школка. Како да ја исчистите?

Потребни ви се следниве состојки – лепак, боја за јадење, сода бикарбона и вода.
Измешајте 1/4 чаша сода бикарбона со 1 чаша вода и мешајте додека не се стопи.
Потоа во чинија ставете 1/2 чаша вода, 150 ml течен лепак и пет капки боја за јадење. Мешавината додадете ја во растопената сода бикарбона.
Месете ја мешавината со раце додека не се исуши (додадете уште сода бикарбона, доколку е неопходно).
И на крајот нанесете ја смесата на тастатурата. Делува лигаво, но е делотворно!

Претходно «
Следно »