October 19, 2021, 3:38 pm

(Видео) Со маичка „Слобода за Јане Ченто“ и солзи во очите – Мајката на Ченто го честиташе Илинден и побара слобода за непpaведно ocyдените ycтавобранители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Maкедонците денеска го чествуваат најголемиот национален празник Илинден. Овој празник означува празнување на двата илиндена оној 1903 и празнувањето на Крушевската Република како и АСНОМ кога се формира независната македонска држава во рамки на Југославија.

По тој повод се празнува и споменот на Методија Андонов Ченто првиот претседател на независна Република Македонија. На покана на Талат Џафери денес на споменикот на Ченто во центарот на Скопје цвеќе положи и семејството на Ченто, поточно мајката и таткото на Јане Ченто кој неправедно е осуден како и неговиот дедо на долги години затвор за настаните од 27 април.

Во изјава за Инфомакс неговата мајка испрати моќна порака, но и честитка до сите Македонци по повод празникот Илинден. Таа апелираше дека

-Овој ден е голем празник за Република Македонија, овој празник треба да не обедини сите и конечно да дојде до вистинско национално помирување. Оттука од пред споменикот на мојот дедо, Методија Андонов Ченто ги повикувам сите политички елити да соберат сили и да покажат дека помирувањето не се само празни зборови на телевизија. Денес стоиме пред споменикот на човекот кој беше неправедно осуден на долги години затвор за Република Македонија, а потоа рехабилитиран. Денес и мојот син Јане Ченто е осуден на долги години затвор само затоа што си ја сака Македонија. Нанесена е огромна штета и голема неправда и таа неправда треба да се исправи час поскоро. Да не се дозволи повторно рехабилитацијата да биде предоцна. Ги повикуваме политичарите да соберат сили и преку предметот за настаните од 27 април да ставиме крај на македонските делби, да си простиме и да тргнеме напред. Илинден е духот на македонската борба, но и помирување. Уште еднаш апелирам до политичките елити да се изнајде решение за нашите деца кои лежат невини во македонските затвори. Мојот дедо одлежал неправедно за Македонија да не ги повторуваме истите грешки и неправди. Им го честитам празникот Илинден на сите Македонци во мое име, семејството на Методија Андонов Ченто и лично од мојот син Јане Ченто, вели мајката на Јане Ченто.

Видеото погледнете го тука!

Latest News

Огpaбена аптека во Кисела Вода

Во СВР Скопје вчера околу 20:55 часот било пријавено дека во аптека на ул.„Христо Татарчев“, едно лице со закана...

More Articles Like This