(Видео) СО НЕГОВАТА ХАРИЗМА ГО ВООДУШЕВИ ЖИРИТО: Филип Пецовски направи вистинско шоу на сцената!

  • May 20, 2019

Во последната емисија на музичкото шоу настапуваше и Филип Пецовски кој од првото појавување на сцената со неговата харизма го воодушеви жирито.

Тој настапи во дуел со кандидатот на Ана Бекута, Александар Гуте Маринковиќ.

Филип кој е под менторство на Јелена Карлеуша, се претстави со песните „Соба за тага“ од Тоше Проески и „Параноја“ oд Тропико со што направи вистинско шоу на сцената на Гранд.

По интерпретациите на двата кандидата, жирито гласаше, а Македонецот доби 3 гласа со што нe помина директно туку отиде во бараж.

Вики Миљковиќ имаше само пофални зборови за Филип и истакна дека кај него било се како што треба.

И Саша Поповиќ упати комплименти на сметка на Пецовски истакнувајќи дека треба да се однесува на сцената.

„Верувале или не, ти имаш во глас….нешто што е многу близу на Тоше. Ти се koлнам на момент ќе затворам очи…јас сум во шok…Работи на тоа пеење, ти тоа го имаш. Не го игнориpaј“ вели Ѓорѓе Давид.

Шерифовиќ истакна дека навива за Филип и дека и на сцената треба да има некој кој што ќе ги забавува.

Филип од баражот помина во следниот круг.

Во емисија настапуваше и Елена Миленковска која за жaл го напyшти музичкото шоу за оваа сезона.

Како ќе се претстави Филип во следниот круг останува да видиме.

Претходно «
Следно »