December 4, 2021, 6:24 pm

(Видео) Стотици Бугарите излегоа на пpoтест против ковид сертификатите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотици демонстранти, предводени од вонпарламентарни политички лидери, протестираа денес во Софија против одлуката „зелениот сертификат“ да стане задолжителен во Бугарија за влез во рестораните, театрите и трговските центри.

Демонстрантите од собирот на кој присуствуваа и активисти на помалите националистички партии порачаа дека пропусниците ги загрозуваат нивните слободи и дека на тој начин на „мала врата“ се воведува задолжителна вакцинација, а протести се одржаа во уште неколку града во Бугарија, пренесува Ројтерс.

Привременото министерство за здравство ја најави во вторникот оваа мерка со цел да се успори растот на бројот на нови инфекции и смртни случаи во Бугарија, која инаку е земјата со најмала стапка на вакцинација против ковид-19 во Европската Унија.

Според новите правила, кои стапуваат на сила утре, пристапот до баровите, салите за вежбање, хотелите и другите затворени јавни места ќе биде дозволен само на лицата кои имаат потврда за вакцинација, документ дека ја прележале болеста или да поседуваат негативен тест, а само 24 отсто од возрасните жители се вакцинирани во Бугарија.

Медицинскиот персонал, како и оној во домовите за стари лица, нема да може да работи без овие сертификати, а исклучоци се предвидени за јавниот превоз, банките, аптеките и прехранбените продавници.

Меѓутоа, одлуката наиде на неодобрување на стопанствениците, а и на некои политичари кои се свртени кон третите парламентарни избори во земјата годинава, закажани за 14 ноември.

Додека некои сопственици на ресторани, директори на хотели и театри кажаа дека ќе ги бојкотираат мерките, стотици Бугари истовремено поитаа во центрите за вакцинација за да обезбедат сертификат.

И партијата од десниот центар ГЕРБ и социјалистите ја критикуваа здравствената пропусница, а тие, како и денес демонстрантите, повикаа на оставка на привремениот министер за здравство, кого го именуваше претседателот Румен Радев, по неуспешниот обид по јулските избори да се формира влада.

Latest News

(Видео) Hемири во Виена: Над 10 000 демонстpaнти се cyдрија со полицијата која со кучиња ја рacтеруваше толпата

Во центарот на Виена се одржуваат бројни протести на противниците на мерките за корона и задолжителната вакцинација, поради што...

More Articles Like This