November 28, 2021, 9:29 am

(Видео) Страшна трагедија во БиХ: Шестмина зaгинати, меѓу кои и две деца, и четворица повpeдени во пожар во куќа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шест лица, меѓу кои две деца загинаа во пожар што избувна во куќа во Брчко. Четири лица се повредени.
Од полицијата на округот Брчко на БиХ за порталот „Кликс“ изјавиле дека во населбата Суљагица сокак избувнал пожар.

Порталот ги пренесува изјавите на соседите кои сметаат дека пожарот најверојатно го предизвикале свеќи кои ги палеле постарите членови на семејството бидејќи немале струја.

Според нив, оваа трагедија многу ги потресе, особено поради фактот што биле во блиски односи со единаесетчлено ромско семејство кое живеело во сиромаштија.

Соседот Мехо Сечиќ изјави дека загинатите биле татко, мајка, ќерка, снаа и две деца.

Според него, повредени се четири деца, од кои три се во болницата во Брчко, додека едно е пренесено во Тузла.
Локалната телевизија „Хит“ претходно, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека пожарникарите спасиле четири деца при интервенцијата.
Пожарот не бил со поголем интензитет, па се сомнева дека настрадале поради задушување со јаглерод моноксид.

Latest News

Од денеска започнуваат Божиќните пости кои траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово

Од денес 28-ми ноември започнуваат Божиќните пости кои траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми...

More Articles Like This